СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Велес, и М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Првопријавениот Г.С., поранешен градоначалник на општина Чашка, во текот на 2021 и 2022 година во повеќе наврати свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако работела со скратено работно време и согласно Законот за работни односи забрането е вршење на прекувремена работа за лице кое работи со скратено работно време.
Второпријавената М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Решението за скратено работно време од четири часа поради здравствени причини, прифатила да биде ангажирана, за што и биле исплатени парични средства во износ од 50.109 денари на штета на буџетот на општина Чашка.
- Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
- Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
- Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
- Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
- Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
- Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
- Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
- Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката

