Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Царината со рекордна наплата: Собрани скоро 2 милијарди евра за 11 месеци

    Царината со рекордна наплата: Собрани скоро 2 милијарди евра за 11 месеци

    30.12.2025 во 13:50Updated:30.12.2025 во 13:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Позитивните резултати во наплатата на приходи и оперативното работење, скратените царински постапки со имплементација на нови технолошко напредни ИТ системи, како и унапредената меѓународна соработка со царинските служби од Западен Балкан и ЕУ, кои ги демонстрира Царинската управа се непобитен факт за улогата на Царинската управа како клучна институција која ја движи македонската економија и генерира позитивни процеси на државата. Ова го истакна директорот Бобан Николовски во гостување на емисијата „Старт“ на Блумберг Адрија.

    „Кумулативно, заклучно ноември остварена е наплата на приходи од 1,95 милијарди евра, што е близу 5 проценти раст или 87 милиони евра повеќе од лани. Историски годинава постигнавме најголема наплата на месечна основа и во континуитет бележиме позитивни резултати и аспект на оперативно работење и од аспект на полнење на Буџетот. Показателите ни служат за да го мериме напредокот во Царинската управа и економијата.  Истовремено резултатите се непобитен факт дека Царината е еден од клучните фактори кои ја движат македонската економија и се генератор на позитивни процеси на државата“, истакна Николовски. 

    Дигитализацијата може многу да помогне во движење на позитивни промени, но двете страни во постапката мора да препознаат и ги искористат нејзините придобивки.

    „Мора да го менуваме начинот на функционирање на царинската постапка и нејзино реализирање. Вложуваме се од себе да одиме понапред во дигитализацијата, неминовен процес на интегрирање со другите институции, постапката да трае пократко и со што помало влијание на човечкиот фактор“, истакна директорот. 

    Како еден од најнапредните информатичко комуникациски системи со огромен бенефит во заштитата на финансиските интереси и полнење на Буџетот и сузбивање на криминалот и корупцијата е Системот за податочен склад и анализа на ризик имплементиран со грант од Р. Кореја.

    „Во системот се интегрирани сите податоци за увоз, извоз, транзит, заплени и кривични пријави. Истите се анализираат, по што царинскиот службеник ќе може да утврди дали една пратка ќе оди на детален или делумен преглед, или ќе биде без физички преглед. Тоа е многу важно во царинската постапка бидејќи на тој начин ќе ја забрзаме постапката и ќе овозможиме со што помал број на контроли да имаме поголем број на погодоци. Значи ќе имаме помал застој, подобра анализа на ризик и селекција и повеќе погодоци од аспект на откриени криминални активности. Воедно ќе се унапреди квалитетот на податоците, а врз основа на нивната анализа, на државно ниво ќе можат да се креираат мерки за унапредување на економските политики“, истакна Николовски.

    Македонија со овој систем ќе може да пренесе позитивни искуства во останатите земји. Директорот Николовски вели дека преку Секторот за меѓународна соработка и Кабинетот соработката на меѓународно ниво е значително зајакната.

    „Кога дојдовме како нов менаџерски тим почувствувавме дека немаме доволно добар контакт со сите за да може во нулта време можеме да ги надминуваме предизвиците и да разменуваме податоци.  За мене тоа беше неприфатливо како човек кој работи во Царинската управа од 2008 година и знае дека добрата соработка на царинските служби на две соседни земји мора да има соработка во нулта време. Направивме многу голем чекор нанапред во овој поглед. Остваривме средби со сите царински служби од регионот, и после година ипол со Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, Грција, Хрватска, Турција и останатите држави имаме одлична соработка и колегите на дневна основа разменуваат податоци. Ова е многу значајно и за кривичните пријави кои се на рекордно ниво“, потенцира тој и притоа изрази голема благодарност до сите царински служби од Западен Балкан и ЕУ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.