Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голф слета во провалија, загинаа две девојки – Страшна несреќа кај Коњиц
    • По 19 години го стигна потерницата: Македонец уапсен на Евзони
    • Утре пристигнува првиот снег во регионот
    • Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме
    • ФОТО: Краделе што им дојде при рака – Еве што изнеле крадците од десетина куќи во тетовско
    • Добри вести утрово: Цената на нафтата падна
    • Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап
    • Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Како Филипче доби златна виза во Дубаи?

    ВМРО-ДПМНЕ: Како Филипче доби златна виза во Дубаи?

    27.12.2025 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вистинското лице на СДС излегува на површина. Откако седум години ја испокрадоа и уништија државата, економијата и достоинството, отидоа во една од најбогатите држави да градат висококатници, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    По долг период на зборување во јавноста и неколку дена по јавното сведоштво дека Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи, стигна и потврда од Венко Филипче.

    На прашање од новинарите дали тој со Заев гради висококатница во Дубаи, Филипче вели дека тој не градел.

    Признанието дека Филипче не гради, не може да се протолкува поинаку, освен како признание и потврда на нашите тези и на последното сведоштвото на Тома Аврамски, дека во Дубаи Заев гради зграда висока 42 ката.

    Ова не е ништо друго, освен официјална потврда од чуварот на фотелјата во СДС на вистинскиот претседател Заев, Венко Филипче, дека неговиот ментор го проширил својот бизнис, и тоа во градежниот сектор, и гради 42-катница во Дубаи.

    Но, следно на што Филипче треба да одговори е како ја доби златната виза во Дубаи, затоа што до ден денес не објави документи за напредни разговори за работен ангажман со некоја болница од таму, нешто за што тврдеше дека е така.

    Значи, ако не градел висококатница со Заев во Дубаи, на кој начин се стекнал со златна виза?

    Друго прашање на кое Филипче должи одговори пред цела македонска јавност, е дали станот што беше кажан во сведоштвото на Аврамски е во сопственост на Филипче или можеби го препишал на некое трето лице?

    Од друга страна, одговори на целата јавност му должи и Зоран Заев. Треба јавно да соопшти, како стигна до милионите со кои инвестира и гради облакодери во Дубаи?

    Апелираме да не одолговлекуваат, затоа што вистината, порано или подоцна, на овој или на оној начин, секогаш излегува на виделина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште

    21.09.2026 во 09:26

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: „Граѓаните паметат што правеше СДСМ на власт“

    21.09.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.