Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Исправивме голема неправда, во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава

    Јаневска: Исправивме голема неправда, во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава

    26.12.2025 во 14:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас, да ги користат доставените материјали и задачи од наставникот или пак, наставникот да организира индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба и за тоа да се користат постојни дигитални алатки.

    За новото системско решение, кое стартуваше од почетокот на оваа учебна година, на денешната панел- дискусија говореа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, како и Милка Тримчевска – директорка на Бирото за развој на образованието, Марија Вук – претседателка на НВО „САНО“ и Маја Георгиева-Павловски, психотерапевт, семеен и системски советник.

    „Исправивме една голема неправда од минатото и спречуваме еден облик на дискриминација да се провлекува во иднината. За да може да се реализира наставата, спроведовме обуки за над 160 наставници во 83 училишта. Подготвивме и прирачник за наставници со јасни инструкции како да ги вклучуваат децата во настава, преку која форма, како да водат педагошка евиденција, да го проверуваат знаењето на учениците.

    „Според сите информации кои ги добивам од училиштата, од наставниците, родителите и здружението САНО, ова решение одлично функционира“, посочи министерката Јаневска. Изминатите четири месеци, на ваков начин триесетина деца биле вклучени во настава. Министерката рече дека реакциите на учениците, родителите и наставниците укажуваат дека ова решение, кое ја подигнува инклузивноста на нашиот образовен систем, е одржливо.

    „Секогаш ќе има деца кои ќе се соочуваат со здравствени предизвици и ниту едно не смее да биде изолирано од настава. Затоа е важно да бидат информирани за можноста, а наставниците се тие што треба први да ги запознаат дека физичкото отсуство од училница не значи и застој во образованието. Изготвивме и брошура наменета и за ученици и за родители за да се запознаат со оваа можност“, укажа Јаневска, додавајќи дека новото решение може да функционира затоа што е резултат на заедничка заложбаж на невладиниот сектор, Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука и Министерството за здравство.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.