Вчера во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација и трансакциска сметка.
Како што е пријавено, по извесно време му било кажано дека се е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако тој ќе уплати пари за некои провизии. Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите, а не го добил кредитот, повторно го контактирал лицето кое се обидело повторно да го доведе во заблуда.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
- Литванија откри 12 тунели долж границата со Белорусија, тензиите растат во источна Европа
- Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
- Подгответе се за вистинска есен – температурите ќе опаднат за неколку степени
- (ВИДЕО) Брза реакција на полицијата: Казнет возачот кој со автомобил се движел по пешачка патека покрај реката Вардар
- Полициска интервенција во скопски Аеродром: Уапсен маж по тепачка во казино и напад врз службени лица
- Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
- Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
- (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

