Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По дождот и снегот следува голем пресврт на времето: УХМР со најнова прогноза

    По дождот и снегот следува голем пресврт на времето: УХМР со најнова прогноза

    24.12.2025 во 11:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утре Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во источните делови на државата. На планините и на повисоките места, врнежите ќе бидат од снег.

    Температурите ќе останат ниски – минималните ќе се движат од -1 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат до 9 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој дополнително ќе го зголеми чувството на студ.

    Во Скопје утре се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и максимална температура до 6 степени. Врнежите насекаде ќе престанат во попладневните часови.

    Откако утрешниот ден ќе помине во знак на дожд и снег на планините, метеоролозите најавуваат стабилизирање, но и значително заладување на времето. Иако врнежите ќе престанат утре попладне, веќе од петок нè очекува ведро небо, но и многу студени утра.

    Според УХМР, вистинскиот студ доаѓа за време на викендот и во првите денови од следната седмица. Утринските температури насекаде ќе се спуштат под нулата, што ќе донесе мраз и ведри, но екстремно студени утра.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.