Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

    Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

    23.12.2025 во 12:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници“, изјави на денешната Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор.

    Според договорот што го објавија британски медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување.  Мора да им се плаќа без разлика дали има или нема работа.

    Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите.

    Не, тоа не се мигранти, ова се „економски работници“.

    Токму затоа и го сменија Законот за странци.  Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има „стратешки парнер“ секако.

    Значи сѐ е подготвено.

    Резолуција во Собрание против слободата на говорот, Закон за странци, доаѓаат „економски работници“

    Може да ги нарекуваме „економски работници“ сѐ додека Мицкоски не им додели пасоши, а потоа – ќе станат рамноправни граѓани на Македонија, со сите права што следуваат.

    Договор си е договор.

    Засега, во буџетот „недостига“ само една милијарда евра.

    Само ДПМНЕ не се грижи за ништо. За граѓаните нема пари, но има доволно пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери, изјави Цветаковски од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.