Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 65.500 денари му се потребни на едно семејство за да го помине месецот

    65.500 денари му се потребни на едно семејство за да го помине месецот

    20.12.2025 во 11:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трошоците за живот во Македонија продолжуваат да растат, потврдија најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември годинава достигна 65.492 денари, што претставува зголемување од 319 денари во споредба со ноември, кога истата изнесуваше 65.173 денари. Доколку семејството нема сопствен дом и плаќа кирија за стан од 60 метри квадратни, тогаш сумата потребна за да се преживее месецот се искачува на високи 80.867 денари.

    Анализата на структурата на трошоците покажува дека најголем дел од домашниот буџет сè уште оди за исхрана. Според ССМ, само за храна и пијалаци во декември се потребни 23.640 денари. За образование се издвојуваат 7.159 денари, додека комуналиите, вклучувајќи станарина, вода, струја и греење, чинат 6.130 денари. За облека и обувки семејството треба да обезбеди 5.875 денари, за транспорт 4.636 денари, а за лична и домашна хигиена 2.620 денари. Останатите средства се распоредени за ресторани, хотели и комуникации.

    Во меѓувреме, Владата најавува нов начин на пресметка на трошоците од почетокот на наредната година. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, информираше дека од 1 јануари, паралелно со синдикатите, и Владата ќе изготвува своја пресметка за „просечна потрошувачка кошница“ за четиричлено семејство. Оваа методологија и деталите околу неа ќе бидат тема на разговор на претстојната седница на Економско-социјалниот совет закажана за понеделник, 22 декември.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    20.09.2026 во 15:48

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.