Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

    Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

    18.12.2025 во 12:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нова фотоволтаична централа ќе ги опслужува енергетските потреби на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Централата со инсталиран капацитет од 39.6 kWp  во Центарот за обука каде се одвива основна и специјализирана полициска обука, е донација на ОКТА, а проектот е дел од активностите на компанијата за унапредување на квалитетот на животот на заедницата во објекти од јавен интерес.

    Главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос нагласи дека компанијата останува посветена на реализација на инвестиции во зелена енергија, кои имаат значајно позитивно влијание во заедницата.

    „Покрај другите проекти во енергетиката, ОКТА активно реализира иницијативи во областа на зелената енергија. Нашето стекнато искуство сакаме да го ставиме во функција на заедницата и заедно со нашите партнери да спроведеме активности кои ќе имаат значајно влијание и ќе поттикнат нови проекти во оваа област. ОКТА останува посветена на овој процес и во иднина ќе продолжиме да ја унапредуваме соработката со партнерите и заедницата. Искрено верувам дека оваа донација ќе донесе нова вредност за Центарот за обука и ќе овозможи негов развој“ потенцира извршниот директор на ОКТА Димитриос Пасхос.

    Новата фотонапонска централа ќе има годишно производство  од 53.46 MWh зелена енергија. Со нејзиното функционирање Центарот за обука ќе намали емисија на CO₂ за 42.7 тони годишно, што претставува значаен придонес кон намалување на јаглеродниот отпечаток и заштита на животната околина.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека донацијата ќе има големо влијание врз напорите за што поголемо користење на зелена енергија во јавните институции  и додаде:

    „Оваа фотонапонска централа ќе придонесе за модернизација на енергетската инфраструктура на нашиот Центар за обука, кој е една од стратешките институции на МВР. Дополнително преку оваа донација, Центарот за обука ќе користи чист извор на енергија, што ќе ги намали трошоците на МВР за енергија, а средствата ќе може да се пренасочат во други развојни проекти од интерес на институцијата. Ваквите партнерства се пример како државата и приватниот сектор можат заеднички да градат одржлива иднина и се охрабрување и до другите компании да следат вакви практики“, изјави министерот Тошковски.

    Во рамките на својата долгогодишна соработка со МВР, ОКТА активно придонесува кон зголемување на безбедноста во сообраќајот преку платформата „Јас внимавам“. Како дел од оваа кампања, компанијата донираше фотоволтаични сообраќајни знаци поставени во близина на повеќе основни училишта, со цел подобра заштита на најмладите учесници и подигање на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот.

    Последната донација е дел од  континуираните инвестициите на ОКТА во обновливи извори на енергија. Компанијата досега донираше фотоволтаични системи на повеќе образовни институции, односно училишта и градинки низ државата. Во наредниот период се планирани уште неколку инсталации на фотоволтаични системи на јавни установи како донација од ОКТА. Со вложување во зелени енергетски решенија и партнерства со институциите, ОКТА ја потврдува својата долгорочна посветеност кон енергетската транзиција и создавање почиста и одржлива околина.

    Прочитај повеќе

    Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков

    22.10.2026 во 22:01

    Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 

    22.10.2026 во 21:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.