Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски за оставката на Коцевски: Се става крај на еден мрачен период, во кој Обвинителството беше перципирано како партизиран механизам

    Петрушевски за оставката на Коцевски: Се става крај на еден мрачен период, во кој Обвинителството беше перципирано како партизиран механизам

    16.12.2025 во 13:10Updated:16.12.2025 во 13:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    а првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше – дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда. Ова го истакна денеска на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во врска со оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. 

    -Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој Обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот. Тоа е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност, додаде пратеникот. 

    Тој рече дека оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Кажа дека ова била јасна порака дека никој не е недопирлив. 

    -Порака дека одговорноста е неминовна, а правдата доаѓа. Ова не е крај, туку почеток. Почеток на демонтажата на заробените од СДС и ДУИ институции. Дополнително, дали преку обвинител кој има некакви релации или пак директни релации, се координирале меѓусебно, додека ги штитеше криминалците од СДС и ДУИ? Дали затоа и чекаше оставката да биде на последниот ден кога ќе биде разрешен за да им купи време на неговите наредбодавци? Исто така, дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваа преку 40 случаи на висока корупција против корумпираните функционери на СДС, ДУИ и други партии? Почеток на вистинска, неселективна правда, нагласи пратеникот.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.