Close Menu
    Најново

    Тепачка во штала: Тројца од едната, тројца од другата страна

    15.12.2025 во 18:32

    Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници

    15.12.2025 во 18:16

    Хрватска: Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра

    15.12.2025 во 18:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тепачка во штала: Тројца од едната, тројца од другата страна
    • Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници
    • Хрватска: Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра
    • Паднаа цените на нафтата
    • Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“
    • Трагедија во Мароко по години суша: Силни дождови однесоа најмалку 37 животи
    • Доаѓа Свети Никола – овие две работи не треба да ги правите
    • Умеров: На разговорите во Берлин постигнат е реален напредок
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Паднаа директорот и раководителот на ЈКП „Брегалница“ Делчево – предизвикале штета од 7,5 милиони денари

    Паднаа директорот и раководителот на ЈКП „Брегалница“ Делчево – предизвикале штета од 7,5 милиони денари

    15.12.2025 во 15:29
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

    Првопријавениот С.С., во својство на директор на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, во периодот од 2019 до 2023 година, со пропуштање на должниот надзор, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што не иницирал и не дал налог за изготвување тужби за парични побарувања од физички и правни лица по основ на користени услуги, потрошена вода, подигнат смет и закуп на простории од ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради што настапила застареност на паричните побарувања, со што претпријатието било оневозможено да изврши нивна наплата.

    Второпријавениот М.К., во својство на раководител на Секторот за општи, правни и финансиски работи, а подоцна и на Секторот за општи и правни работи во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, иако бил должен, не воспоставил соодветен систем на интерна контрола и редовно не доставувал предлози за поведување постапки за присилна наплата на ненаплатените побарувања до директорот на претпријатието.

    Со горенаведените дејствија причинета е штета на Буџетот на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево во вкупен износ од 7.588.894 денари.

    Популарно

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот

    15.12.2025 во 12:14

    Добри вести за 100 пензионери: Општината ќе им додели 6000 денари финансиска помош

    15.12.2025 во 11:59

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.