Стабилно и сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува во земјава до крајот на работната седмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во текот на ноќните и утринските часови се очекува појава на магла во одредени котлини.
Според прогнозата на УХМР, температурите утре ќе бидат:
- Минималната температура ќе се движи од -6 до -1 степен Целзиусов.
- Максималната дневна температура ќе достигне од 7 до 13 степени.
За Скопје, прогнозата предвидува минимална температура до -5 степени и максимална дневна температура до 7 степени Целзиусови.

