Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата

    17.06.2026 во 23:41

    Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија

    17.06.2026 во 23:12

    Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет

    17.06.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
    • Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
    • Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
    • Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
    • Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
    • Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
    • Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
    • Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

    Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

    11.12.2025 во 18:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Русија ќе ги смета сите странски контингенти во Украина за легитимни цели, објави денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со смртта на британски војник во Украина.

    -Околу стотина британски војници учествуваат во борбени операции против Русија во зоната на специјални воени операции. По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесен од руските медиуми.

    Првиот руски дипломат изјави дека Москва ќе ги извлече сите потребни заклучоци од, како што вели, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

    -Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британски воен персонал и специјални сили во војната против Русија. Откако еден од нив беше убиен, британската Влада повеќе не можеше да ги крие овие околности. Беше наведено дека меѓу оние што се борат против Руската Федерација има најмалку 100 британски државјани, рече Лавров за време на тркалезна маса за украинското решение.

    Британското Министерство за одбрана пред два дена соопшти за смртта на британски војник во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските вооружени сили.

    Весникот „Сан“, повикувајќи се на извори, објави дека во несреќата со воздушната одбрана на Украина, покрај британскиот војник, загинбале и најмалку четворица украински војници.

    Според весникот, починатиот британски војник служел во групата за поддршка на британските специјални сили и го тестирал системот за воздушна одбрана во Украина.

    Прочитај повеќе

    Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР

    17.06.2026 во 22:21

    Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија

    17.06.2026 во 21:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.