Close Menu
Press24
    Најново

    Стејт департментот крати трошоци: Се затвораат амбасади и конзулати во пет држави

    06.08.2026 во 19:18

    Шокантни резултати од студија: Електричните тротинети се поопасни од мотоциклите и велосипедиве

    06.08.2026 во 19:00

    Договор меѓу Иран и Оман: Се подготвува 60-дневен план за отворање на Ормуската Теснина

    06.08.2026 во 18:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стејт департментот крати трошоци: Се затвораат амбасади и конзулати во пет држави
    • Шокантни резултати од студија: Електричните тротинети се поопасни од мотоциклите и велосипедиве
    • Договор меѓу Иран и Оман: Се подготвува 60-дневен план за отворање на Ормуската Теснина
    • Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
    • Без вода утре село Морани
    • Ахмети се сретна со американската амбасадорка во земјава: САД е најважен стратешки партнер на Северна Македонија
    • Сончево и многу топло до 38 степени: Попладне можни локални врнежи и грмежи
    • Овие хороскопски знаци најтешко го контролираат темпераментот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се поврзуваат Коридорите 10 и Струма: Николоски најави интензивна работа на експресниот пат Смоквица – Бугарија

    Се поврзуваат Коридорите 10 и Струма: Николоски најави интензивна работа на експресниот пат Смоквица – Бугарија

    11.12.2025 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска беше во работна посета на Општина Струмица, каде што присуствуваше на Свечената седница по повод Денот на заштитниците на градот – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

    При средбата со градоначалникот на Струмица, министерот истакна дека се работи на реализација на најголемото ветување – поврзувањето на Коридор 10 со Коридор Струма во Република Бугарија.

    „Би сакал да спомнам дека по завршување на локалните избори во интензивна соработка сме со градоначалникот и новата општинска администрација, веќе бројни работи се придвижуваат. Најголемата и она што го ветивме е поврзување на Коридор 10 со Коридор Струма во соседна Бугарија, односно изградбата на експресниот пат кој што оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија“, изјави Николоски.

    Тој информираше дека Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) веќе го заврши проектот за едната траса од експресниот пат. Проектот за втората траса е во напредна фаза, а Владата сериозно работи на изнаоѓање на финансирање за целосната реализација на проектот.

    Николоски нагласи дека Владата планира поддршка за вкупно 14 инфраструктурни проекти во Општина Струмица.

    „Има 14 големи проекти за старт на оваа локална самоуправа што мислам дека е нешто што Струмица подолго време го нема и ќе продолжи поддршката на Владата, мојата лична поддршка и на премиерот да работиме на нови проекти во периодот кој што следи“, истакна вицепремиерот.

    Меѓу овие проекти, се работи на две поголеми улици, десет се во постапка за избор на изведувач, а два се реализираат преку Министерството за животна средина. Николоски најави и нов, посериозен работен состанок со градоначалникот за утврдување на идните приоритети.

    Прочитај повеќе

    Ахмети се сретна со американската амбасадорка во земјава: САД е најважен стратешки партнер на Северна Македонија

    06.08.2026 во 18:07

    Филипче за прифаќањето на Францускиот предлог од власта: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    06.08.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.