Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Центар го крои Буџетот 2026: Граѓаните бараат повеќе зеленило, лифтови во училиштата и решавање на дивите пазарџии

    Центар го крои Буџетот 2026: Граѓаните бараат повеќе зеленило, лифтови во училиштата и решавање на дивите пазарџии

    11.12.2025 во 10:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар го организираше вториот буџетски форум, каде граѓаните активно учествуваа во дефинирањето на приоритетните проекти за 2026 година. Форумот се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“ и помина во конструктивна дискусија со општинското раководство, администрацијата и советниците.

    Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека буџетот се гради транспарентно и отчетно, со директно слушање на заедницата.

    „Гласот на граѓаните и нивните потреби се важни. Тие најдобро знаат што недостига во нивните маала. Нашата работа е да го слушаме секој предлог и да го преточиме во реални проекти“, изјави Герасимовски, откако претходно презентираше дел од реализираното во 2025 година.

    На работните маси поделени по сектори, граѓаните доставија свои предлози и барања. Во комуналната сфера се дискутираше за хортикултурно и партерно уредување на просторот кај Зелен пазар, санација на подземните гаражи, зголемување и подобро одржување на зелените површини и збогатување на населбите со урбана опрема.

    Во областа на образованието беа истакнати потребите за реконструкција на училишните дворови, санација на покриви каде што има протекувања и поставување лифтови во училиштата каде што има реална потреба за подобра пристапност.

    Во културата, пак, беа предложени интерактивни аудиовизуелни проекти за ученици, мобилни галерии, скулптурни инсталации и активности со кои се поттикнува креативноста и се збогатува јавниот простор.

    Дополнително, дел од управителите побараа санирање на фасадите, по што општинската администрација информира дека во Буџетот на Општина Центар се предвидени субвенции за нивна обнова. Поддршката изнесува 30%, а секоја станбена заедница може да аплицира за финансиска поддршка до 1.000.000 денари, поднесена од заедницата на станари или од мнозинството сопственици.

    Жителите околу Зелен пазар го отворија и прашањето за дивите пазарџии, за што градоначалникот посочи дека е потребна засилена инспекција, но и заедничка и координирана акција на повеќе институции, меѓу кои и МВР и Државен Пазарен Инспекторат, за трајно решавање на проблемот.

    Форумите, заедно со анкетниот прашалник, се најважните механизми преку кои Општина Центар ги идентификува потребите на граѓаните, обезбедувајќи секој предлог да биде разгледан и да се креира буџет што ги одразува реалните приоритети на заедницата.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.