Close Menu
    Најново

    „Мртов“ пијан возел низ улици, полицијата по алкотестирање го исклучи од сообраќај

    22.01.2026 во 00:00

    Газирани пијалоци: Зошто ваквите освежувања можат да бидат опасни по вашето здравје

    21.01.2026 во 23:14

    Карлеуша го пријави Душко во полиција: Додека таа е во Дубаи и ги сменил бравите од станот

    21.01.2026 во 22:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Мртов“ пијан возел низ улици, полицијата по алкотестирање го исклучи од сообраќај
    • Газирани пијалоци: Зошто ваквите освежувања можат да бидат опасни по вашето здравје
    • Карлеуша го пријави Душко во полиција: Додека таа е во Дубаи и ги сменил бравите од станот
    • Администрацијата на Трамп почна операција против имиграцијата во Мејн
    • Велика Британија одобри изградба на најголемата кинеска амбасада во Лондон
    • Двојна трагедија во Грција: Невремето однесе живот на крајбрежниот службеник и жена во Глифада
    • СДСМ: ВМРО сака да не сруши преку Шилегов
    • Шилегов: СДСМ е петта партија во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

    Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

    05.12.2025 во 11:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја информираше јавноста дека партијата формира нов Антикорупциски тим, како дел од програмата „Нова сила“, со јасна цел системски да се разобличуваат коруптивните шеми и злоупотребите на актуелната власт.

    „Сакам да информирам јавноста дека веќе формиравме т.н антикорупциски тим во рамките на нашата програма „Нова сила“. Антикорупцискиот тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Дозволете да го образложам, што тоа претставува. Тоа е професионален тим, советници, експерти во областа на правото, во областа на финансиите. “, изјави Филипче.

    Филипче посочи дека тимот во кој ќе има и млади активисти и истражувачи на СДСМ, ќе работат на откривање и документирање на корупциските скандали.

    „Што ќе работи овој антикорупциски тим? Токму тоа што го гледаме овие денови – ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентираат пред јавноста и ќе ги разоткриваат сите корупциски шеми на оваа криминална власт. Ќе поднесуваме и соодветни пријави до национални и меѓународни институции“, нагласи претседателот на СДСМ.

    Што ќе работи овој антикорупциски тим? Тоа што го гледаме овие денови. Ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентира до јавноста, ќе ги разоткрива сите корупциски шеми на оваа криминална власт, ќе поднесуваме соодветни пријави до национални и меѓународни институции. Така како што почнавме, така ќе продолжиме да откриваме и понатаму“, посочи Филипче.

    Претседателот на СДСМ Филипче подвлече дека мотивацијата и енергијата зад оваа иницијатива доаѓа токму од младите луѓе во партијата кои како што рече, се подготвени да градат вистински европски вредности.

    „Тоа е новата сила што ќе гради европски вредности во Европска Македонија“, порача тој.

    Како дополнителен механизам, претседателот Венко Филипче најави и нова платформа која наскоро ќе биде објавена.

    „Во скоро време ќе објавиме и платформа на која што било кој граѓанин од било каде во државата, од било кое село, град, општина, регион, ќе може да пријавува вакви скандали. Да прикачува документи, да пријави корупција, да достави докази и материјали“, истакна Филипче.

    Со ова, СДСМ ја отвора новата фаза на јавно и транспарентно разобличување на криминалот, со цел државата да се врати на вредности на правда, отчетност и европска перспектива.

    Популарно

    Карлеуша го пријави Душко во полиција: Додека таа е во Дубаи и ги сменил бравите од станот

    21.01.2026 во 22:59

    Администрацијата на Трамп почна операција против имиграцијата во Мејн

    21.01.2026 во 22:37

    Двојна трагедија во Грција: Невремето однесе живот на крајбрежниот службеник и жена во Глифада

    21.01.2026 во 21:53

    СДСМ: ВМРО сака да не сруши преку Шилегов

    21.01.2026 во 21:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.