Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Никола Груевски е „Мики Маус“

    СДСМ: Никола Груевски е „Мики Маус“

    04.12.2025 во 11:273 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Никола Груевски, некогашниот „голем“ премиер на Македонија, човекот што така „мајсторски“ ја зави земјата во црнило, ја остави во безнадежност и сонуваше за изолација само за себе и за својата клика. Парадоксално, нели?, прашуваат од СДСМ.

    „Денес, тој „гениј“ сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија?

    Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели „мудрости“ откако побегна од правдата.

    Човекот кој прислушкуваше 20.000 граѓани, апсеше, купуваше „Мерцедес“ од 650.000 евра (народни пари нормално) и очила за сонце од 30.000 евра (за подобро да ја види сопствената корупција).

    Човекот кој изнесе 2 милијарди од земјата (а сега вели не бил сигурен дали биле 2 или 7 милијарди, очигледно многу пари за броење), веројатно за да си го финансира сонот во азил.

    Тоа е истиот тој Груевски чијшто најблизок круг го сочинуваат: министерка за внатрешни работи што возела украден автомобил, ни помалку ни повеќе од Дејвид Бекам (класика!), министри што закупувале цели катови во луксузни хотели, и се занимаваат со криминал.

    „Херој“? Никако. Повеќе личи на Мики Маус, Дизни јунак од цртан филм кој држи лекции на другите.

    Да не беше смешно ќе беше трагично. Но еве, смешно е. И тоа како.

    Наместо да седи во Идризово и да пишува мемоари со наслов „Како ја ограбив Македонија“ (би бил бестселер), тој од својот будимпештански луксуз произведува „Будимпештански бајки за деца“, измислени приказни од чиста досада. 

    Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс како телевизиска ѕвезда од сапунска серија, во криза.

    Тоа е Никола – нашиот „beauty influencer“ и трендсетер!

    И покрај активното пишување бајки и белетристика, тој стигнува, како некогаш, насекаде – дури и да ја води својата партија од далечина. Активно учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи по луѓе со измислени „Дубаи сказни за деца“, против оние што донесоа слобода за Македонија.

    И го остави малиот Мицко (сега веќе пораснат, поминаа години) да го продолжува неговиот „славен“ пат. Зошто самиот да го работи валканиот дел од работата кога некој друг може наместо него, и тоа од далечина?

    Никола, наш црн Грујо, биди барем еднаш во животот маж и дојди во Скопје. Ќе ти приредиме убав пречек. Ќе има многу луѓе, ротации, протокол, лисици, сè на највисоко ниво, баш како што сакаш.

    Смееш ли?

    Или, можеби, си се навикнал на унгарски гулаш па не ти одговара македонско тваче гравче?“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.