Close Menu
Press24
    Најново

    Птица во мотор го спречи летот: 150 патници чекаат заминување за Германија од Солун

    07.08.2026 во 10:25

    ВМРО-ДПМНЕ: Домаќински управуваме со државата затоа имаме стабилна економија

    07.08.2026 во 10:19

    СДСМ: Мицкоски на екскурзија од 4 дена во Брисел – тој тргнал да води тајни преговори

    07.08.2026 во 10:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Птица во мотор го спречи летот: 150 патници чекаат заминување за Германија од Солун
    • ВМРО-ДПМНЕ: Домаќински управуваме со државата затоа имаме стабилна економија
    • СДСМ: Мицкоски на екскурзија од 4 дена во Брисел – тој тргнал да води тајни преговори
    • СДСМ: Отруена е цела Македонија а никој од власта не одговара
    • Зеленски ги отповика амбасадорите во Албанија, Хрватска и Црна Гора
    • Омбудсманот отвори предмет за гостиварската вода, која и денеска е забранета за пиење
    • Европскиот топлотен бран не попушта: 42 степени и алармантни 12.000 жртви
    • Неколку улици во Скопје без вода – Водовод со важна информација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски, наместо да се бори против корупцијата, креирал коруптивни шеми со кланот Заеви

    ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски, наместо да се бори против корупцијата, креирал коруптивни шеми со кланот Заеви

    04.12.2025 во 10:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Љупчо Николовски додека бил вицепремиер за борба против корупција, наместо да спречува тој креирал коруптивни шеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Целокупното владеење на СДС и ДУИ беше обележано со криминал, а корупцијата навлезена во секоја пора од општественото делување. Николовски кој како вицепремиер за борба против корупција, имал задача да ја спречува тој дополнително ја создавал преку коруптивни шеми со кланот Заеви.

    Додека Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, Николовски возвратил со контра услуга и грант од 1,4 милиони евра.

    По отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кој е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, Николовски возвратил на Заев со грант за „Мамас“ од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милиони евра.

    Николовски издејствувал европски грант каде добитник е фирмата „Тргопродукт’’ на кланот Заеви, односно познатиот бренд „Мамас’’.  А ова е втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата.

    Колку вакви меѓусебни дилови направиле Заев, Филипче и Николовски и колку ја оштетиле државата и буџетот?

    ЈО да отвори постапка и да ги истражи овие случаи.

    Доказ дека СДС е приватна партија на кланот Заеви каде Филипче им ја чува фотелјата само за да им ги штити бизнис интересите, е последното разрешување на сите околу него и недозволувањето на демократски процеси и реформи на партијата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Домаќински управуваме со државата затоа имаме стабилна економија

    07.08.2026 во 10:19

    СДСМ: Мицкоски на екскурзија од 4 дена во Брисел – тој тргнал да води тајни преговори

    07.08.2026 во 10:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.