Close Menu
Press24
    Најново

    Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето

    11.06.2026 во 11:25

    Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари

    11.06.2026 во 11:18

    Приведена популарна турска актерка

    11.06.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
    • Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари
    • Приведена популарна турска актерка
    • Судење за трагедијата во „Пулс“: Фокус на Рубикон и обезбедувањето на објектот
    • Викенд временска прогноза – Утре невреме, во сабота и недела повторно промена
    • Хорор во регионот: Екплодирала бомба фрлена во контејнер додека работниците го празнеле
    • Урагански ветер и град во Словенија: Над 400 противпожарни интервенции, поплавени училишта и куќи
    • ВРЕДИ: ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илјадници невработени бараат работа, но не сакаат да ја најдат

    Илјадници невработени бараат работа, но не сакаат да ја најдат

    02.12.2025 во 18:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Македонија, и покрај тоа што бројот на невработени лица е значителен, некои сектори постојано се соочуваат со недостаток на работници. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во државата има над 10 илјади слободни позиции, особено во услужниот сектор, трговијата, подготовката на храна, преработувачката индустрија и во угостителските капацитети.

    Работодавците наведуваат дека една од причините за ваквата состојба е тоа што многу невработени не вложуваат напор да ги усовршат своите вештини, па често е поедноставно за нив да останат зависни од државната помош. Дополнително, сезонските работници заминуваат во странство за летната туристичка сезона и не се враќаат, оставајќи празни работни места.

    – Иако постојат програми за преквалификација и доквалификација, мал број луѓе се заинтересирани за нив. Не може никој насилно да ги натера да се пријават и да прифатат работа – вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Тој додава дека компаниите кои имаат недостиг на квалификувани работници може да се обратат до Агенцијата за вработување за обуки, но проблемот е што интересот од невработените е слаб.

    – Подобро е да ги обучиме нашите луѓе, отколку да увезуваме работници од странство. Кога се ангажираат работници од надвор, компаниите често обезбедуваат сместување, а киријата се регулира преку договор за работа, што во некои случаи значи и повисока плата – објаснува Димитров.

    Претседателот на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, додава дека во одредени сектори има постојана флуктуација на работници, што ја зголемува потребата од нови кадри. Сепак, тој истакнува дека голем дел од луѓето што се пријавуваат во Агенцијата за вработување бараат работа само формално, односно заради социјална помош или затоа што работат на црно.

    Според статистиката, стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесувала 2,02%. Најмногу позиции имало во групата елементарни занимања, додека секторот сместување и услуги со храна забележал највисока стапка на слободни работни места – 3,69%. Најнизок процент слободни позиции е регистриран во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, со само 0,22%.

    Прочитај повеќе

    Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април

    11.06.2026 во 10:18

    ФОТО: Македонската Царина сопре рент-а-кар возило – Заплена од 13.000 евра

    11.06.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.