Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере

    11.06.2026 во 18:52

    Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп

    11.06.2026 во 18:41

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

    11.06.2026 во 18:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
    • Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
    • ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
    • Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
    • Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
    • Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
    • Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
    • Во Владата состанок за реформската агенда
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почна метеоролошката зима

    Почна метеоролошката зима

    01.12.2025 во 18:291 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, 1 декември, според пресметките на метеоролозите, започна зимата, чиј почеток се разликува од календарскиот.

    Во метеорологијата и климатологијата, годишните времиња се поделени на четири квартали кои траат по три полни месеци. Оваа поделба се прави главно од статистички причини за полесно мерење и споредување на податоци. Според тоа, метеоролошкиот (климатскиот) почеток на зимата е 1 декември.

    Календарскиот или астрономскиот почеток на зимата е, во зависност од годината, 21 или 22 декември. Оваа година зимската краткодневица (солстициј) ќе биде на 21 декември.

    Особено за статистика, почетокот на годишното време среде месец би бил непрактичен, па уште пред да постојат компјутерите е одлучено тој да биде на почетокот на месецот. На тој начин поедноставно е да се претстават средните месечни вредности на температурата и зимските статистики, појаснува германскиот портал „wetter.de“.

    Затоа метеоролошката зима трае од 1 декември до 28 февруари, а во престапна година до 29 февруари. Календарската зима на северната хемисфера оваа година ќе започне на 21 декември во 16:03 часот по средноевропско време.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик

    11.06.2026 во 09:03

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.