Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Газдата на „Дурмо Турс“ го оперира и вториот тестис па не може да се јави во Идризово за да одлежи 10 години затвор

    Газдата на „Дурмо Турс“ го оперира и вториот тестис па не може да се јави во Идризово за да одлежи 10 години затвор

    01.12.2025 во 14:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наместо да се јави во затворот во Идризово, каде од денеска треба да ја започне десетгодишната затворска казна за автобуската несреќа кај Ласкарци, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, заминал на операција во тетовската болница. Ова за „Вечер“ го потврди судијата за извршување санкции од Гостивар, кој лично отишол во болницата за да провери дали навистина е закажана интервенцијата.

    „Докторот ме увери дека по пациентката која е закажана пред него, Белули е следен за операција,“ изјави судијата. Тој по трет пат го одложува влегувањето во затвор на Белули – прво поради операција на кила на едниот тестис, потоа поради компликации, а сега поради хируршки зафат на другиот тестис. Според него, постои медицинска документација и законска основа за ново одложување.

    „Санкцијата се одложува за 15 дена, иако беше побарано 20 до 30 дена опоравување,“ додаде судијата. На прашањето дали постои ризик Белули да избега, како што тоа го направи управителот на возниот парк на „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари – кој исто така одложуваше поради идентична операција и сега е недостапен – судијата одговори дека за тоа е надлежна полицијата.

    И Белули и Мифтари имаат правосилни пресуди од 9 мај годинава за трагедијата во која загинаа 16 лица, а уште 30 беа повредени. Апелациониот суд тогаш ја зголеми казната на Белули од четири на десет години затвор, а на Мифтари – од шест на десет години. Двајцата сè уште не се јавиле на издржување на казната.

    Прочитај повеќе

    Битолчанец ја тепал жена му и татко и

    18.09.2026 во 13:59

    Крива Паланка: Дедото го тепал детето па таткото го тепал дедото

    18.09.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.