Close Menu
Press24
    Најново

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15

    Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

    11.07.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Стојаноски: Преку ребаланс на буџет се реализираат капитални проекти и се подобрува животниот стандард
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата молчи за тендери од 9 милиони евра доделени на фирма со двајца вработени

    СДСМ: Владата молчи за тендери од 9 милиони евра доделени на фирма со двајца вработени

    01.12.2025 во 09:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Помина цел ден а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме  Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, велат од СДСМ.  

    „Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? 

    Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење? 

    Станува збор за парите на граѓаните, речиси 9 милиони евра. Нека не се надева власта дека молкот може да ги спаси, одговорност за криминалот ќе има.

    Тоа што ДПМНЕ одговара во име на институциите е дополнителна потврда дека криминалните шеми се направени во Белата палата. Затоа ги знаат сите детали за тендерите.  

    Ова што се случува во Македонија е организиран грабеж за испумпување на парите на граѓаните преку наместени тендери во едни исти фирми. Тоа е истата криминална шема на Никола Груевски кој испупмпа 2 милијарди евра а денеска е бегалец од правдата.

    Ученикот Мицкоски само го прави она што научил од неговиот ментор и учител.  

    СДСМ ќе продолжи, со факти, со докази, со аргументи и документи да го разобличува криминалот на владата на Мицкоски.

    Јавното обвинителство, ДКСК, сите институции треба да се вклучат, да направат независна истрага и да делуваат.

    Работата сè уште не е завршена“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

    11.07.2026 во 15:06

    СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

    11.07.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.