Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поплави во Чешиново-Облешево, излеани Брегалница и Кочанска река

    Поплави во Чешиново-Облешево, излеани Брегалница и Кочанска река

    29.11.2025 во 16:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Обилните врнежи во источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во Општина Чешиново-Облешево, а најпогодени се селата Чешиново, Облешево и Чифлик.

    Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), реките Брегалница и Кочанска река се со значително зголемен водостој, при што на одредени локации во општините Штип и Чешиново-Облешево веќе е забележано нивно излевање од коритата.

    Локалната самоуправа ги ангажираше сите расположливи ресурси, а во интервенциите се вклучени и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК Кочани. Поради обемот на поплавите, побарана е дополнителна материјално-техничка поддршка за испумпување на водата од објектите.

    Покрај поплавите, дождот предизвика и свлечишта на експресниот пат Радовиш–Штип и на правецот Злетово – брана Кнежево, каде интервенираа екипите на „Македонија пат“.

    „Лизгање на земјште во с.Липково место викано Кисела Вода. За настанатата состојба од Општина Липково сме известени дека Општина Липково располага со ограничени ресурси за интервенции од ваков тип, како и поради сериозноста и ризикот од понатамошно влошување на состојбата, побарано е во санирањето на свлечиштето да се вклучат и државните институции“, информираат од ЦУК.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.