Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37

    Додик: Путин ќе ја посети Република Српска

    13.05.2026 во 22:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра
    • На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пијани нападнале полицајци кај „Св. Стефан“: Приведени двајца жители на Пештани

    Пијани нападнале полицајци кај „Св. Стефан“: Приведени двајца жители на Пештани

    29.11.2025 во 12:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Двајца жители на охридското село Пештани се приведени рано утрово откако физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

    Инцидентот се случил на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на населбата „Св. Стефан“, кога лицата прво започнале вербално да ги навредуваат полицајците, а потоа и физички ги нападнале.

    Утврдено е дека напаѓачите биле под дејство на алкохол. Кај 52-годишниот Г.М. се измерени 1,63 промили, додека кај 65-годишниот Р.М. алкотестот покажал 0,53 промили. Против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    „На 29.11.2025 година во 01:10 часот, во СВР Охрид приведени се Г.М.(52) и Р.М.(65), двајцата од охридското село Пештани. Тие претходно, на регионален пат Охрид – Св. Наум, кај охридската населба „Св. Стефан“, вербално навредувале а потоа и физички нападнале полициски службеници кои преземале службени дејствија. При извршено алкотестирање, кај Г.М. е утврдено 1,63 додека кај Р.М. 0,53 промили присуство на алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.“, велат од СВР Охрид.

    Прочитај повеќе

    Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани

    13.05.2026 во 18:34

    Хаос во Скопје: Нападнат полицаец на Бит Пазар и патрола во Кисела Вода, меѓу приведените и малолетник

    13.05.2026 во 16:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.