ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница и кујна. Двата примероци биле подложени на физичко-хемиска анализа, а останатите два на микробиолошка анализа.
Според добиените резултати, сите примероци во целост одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр.183/18).
Од јавното претпријатие информираат дека со ова се потврдува дека водата во училиштето е санитарно исправна и може непречено да се користи.
- Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
- Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
- Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
- ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
- Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
- Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
- Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
- Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер

