Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Кацарска преку Уставен суд од следниот месец им ги намалува пензиите на 70% од пензионерите

    Мицкоски: Кацарска преку Уставен суд од следниот месец им ги намалува пензиите на 70% од пензионерите

    27.11.2025 во 13:15Updated:27.11.2025 во 13:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања остро реагираше на информациите дека Уставниот суд донел одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите. Според него, постапката е покрената по иницијатива на судијката Добрила Кацарска, која, како што рече, била „архетип на неправдата во судството“.

    „Точно е дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за која сите зборуваме, заедно со една друга обвинителка, кои беа симбол на неправдата и учествуваа во случајот со торбата ‘Луј Витон’, се оние на кои денес им пречи линеарното зголемување на пензиите“, рече Мицкоски.

    Премиерот тврдеше дека според последните информации, Кацарска веќе ја потпишала одлуката за укинување на моделот на линеарно покачување, што значи дека пензионерите повторно ќе добиваат зголемување согласно процентите утврдени со закон.

    „Тоа практично значи дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец“, изјави Мицкоски, оценувајќи дека ваквата одлука не е фер.

    Тој додаде дека најпогодени ќе бидат лицата со најниски примања, чии мали пензии, според него, се резултат на неправедната транзиција во деведесеттите години. Линеарното зголемување, нагласи премиерот, имало цел да го намали индексот на нееднаквост и да го подобри стандардот на најранливите пензионери.

    Мицкоски предупреди и дека истиот состав на Уставниот суд би можел да донесе одлука за одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.

    „Замислете, на пензионерите им се укинува правото, а истовремено се очекува да се одмрзнат платите на судиите и обвинителите кои земаат 2.500, 3.000 или 4.000 евра“, рече тој, додавајќи дека дел од нив „ја контаминираат професијата“.

    Премиерот оцени дека потенцијалната одлука на Уставниот суд ќе значи директна неправда кон пензионерите.

    „Со ова ќе се нанесе неправда на пензионерите“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа

    17.08.2026 во 20:57

    (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста

    17.08.2026 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.