Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зоран Димитровски: Владата е целосно посветена на европскиот пат

    Зоран Димитровски: Владата е целосно посветена на европскиот пат

    26.11.2025 во 14:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 26 ноември 2025г. во Белград, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, учествуваше на вториот дел од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Централно европска иницијатива (ЦЕИ), во рамки на српското претседавање со иницијативата.

    Фокус на овогодинешните дискусии беше ставен на стратешката важност изнаоѓање на модалитети за зајакнување на регионот на земјите членки на ЦЕИ преку поврзаност, иновации и евроинтеграција.

    Истовремено, беше потенцирано дека проширувањето на ЕУ не е само технички процес – тоа е геополитичка неопходност. „Процес кој е предвидлив, базиран на заслуги и со поголема вклученост на земјите-кандидатки во политичките дијалози, програми и иницијативи на ЕУ, би дал посилна политичка порака и ќе може да се спротивстави на фрустрацијата и скептицизмот кај граѓаните во регионот“, нагласи Димитровски.

    Посебно акцентирајќи ја нашата позицијата, Димитровски укажа дека нашата земја има потреба од поверодостоен, конзистентен и сигурен процес на пристапување. „Владата останува целосно посветена на европскиот пат, барајќи конструктивни решенија базирани на компромис преку дијалог со нашиот сосед, Република Бугарија. Целосно се согласуваме дека билатералните договори со соседните земји треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни“, истакна заменик министерот.

    Тој додаде дека билатералните прашања за историјата и идентитетот мора да останат надвор од процесот на пристапување, а проширувањето мора да остане базирано на заслуги и Копенхашките критериуми. „Потребен е целосен ресет во дијалогот со Бугарија, со цел обновување на довербата и напредно ориентиран пристап. Комуникацијата и соработката во рамките на проектот „Коридор 8“ е добар пример за билатерална соработка”, заклучи Димитровски.

    Во смисла на регионалната соработка, за време на состанокот, министрите уште еднаш ја потврдија улогата на ЦЕИ, како иницијатива која придонесува за ефективно решавање на актуелните регионални прашања и истовремено претставува цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.