Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите

    Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите

    26.11.2025 во 09:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жртва на семејно насилство ставила евтина спирала и стасала до операција – АФЖ Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално.

     ,,Со тоа што ставив евтина спирала, почнав да отекувам… Спиралата ја ставив поради тоа што физичкото насилство беше пропратено со сексуално насилство… Спиралата ја ставив пред 4 – 5 години, за пред некој ден да видам дека прснала, сè околу неа загноило и целата сум отечена. Од сето тоа се соочив со сериозни последици и морав итно да одам на операција”, ова е сведоштво на жртва на семејно насилство што на почетокот на т.н. 16 дена активизам, им го доверила на жените од АФЖ Левица. 

     ,,Зошто државата да не субвенционира квалитетни спирали за жените – жртви на семејно насилство, за да не се доведуваат во ситуација да ставаат евтини спирали како мене, а повеќе од јасно е дека како жени – жртви се на работ на егзистенцијата и не можат да си дозволат нешто поскапо?”, прашува, но и предлага жртвата на семејно насилство која единствена поддршка гледа во неколку организации и во АФЖ – Левица, во пратеничката Јована Мојсоска, но не и во државата. 

    ,,Зад овој предлог, за обезбедување на квалитетни контрацептивни средства за жените – жртви, стоиме и ние од АФЖ Левица и во континуитет продолжуваме да ги застапуваме барањата и интересите на жените – жртви на насилство”, велат од АФЖ.

    ,,Не трпи! Не молчи! 
    Едуцирај се, охрабри се! Делувај!” е слоганот на Кампањата на АФЖ – Левица по повод 16-те дена активизам.

    ,,Нашата кампања оди во насока на обелоденување на немили сведоштва на жени – жртви на родово базирано насилство во приватниот и јавниот живот, но и жени – жртви на институционално насилство. Воедно, работиме и на онлајн – кампања за едукација на жртвите и жените воопшто од аспект на Истанбулската конвенција”, додаваат од АФЖ Левица.

    Потсетуваат и дека насилството во Македонија е во подем, системот – во распад, фемицидот, за жал, е присутен во секојдневието. Од АФЖ Левица апелираат:
    ,,Стоп за насилството!”

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.