Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење „Пулс“ – се откриваат детали за трагедијата

    Судење „Пулс“ – се откриваат детали за трагедијата

    25.11.2025 во 13:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, денеска продолжи со изјаснување по однос на оштетни побарувања и кривичен прогон. Планираното изјаснување за вина на 37-те обвинети беше одложено откако Судот ги прифати приговорите на одбраната дека обвинението интегрирано со листата на докази не им е доставено на сите обвинети.

    Судијката Диана Груевска Илиевска најави дека Судот ќе изврши достава на сите обвинети во текот на денешниот и утрешниот ден. Сепак, Судот појасни дека не станува збор за ново обвинение, туку за интегриран текст без промена на фактичката состојба или правната квалификација.

    Обвинителството тврди дека трагедијата од 16 март 2025 година е резултат на систематска негрижа и игнорирање на безбедносните закани.

    Клучни пропусти:

    • Објектот функционирал незаконски повеќе од една деценија.
    • Недостаток на противпожарен систем и само еден излез за евакуација.
    • Користени се лесно запаливи и токсични материјали (сунѓер на плафонот) кои при согорување ослободиле смртоносни гасови.
    • Во критичната вечер бил дозволен неконтролиран влез на над 600 гости, вклучувајќи и деца по полноќ, со употреба на пиротехника.

    На обвинителна клупа се 37 лица (34 физички и 3 правни), вклучувајќи сопственици, инспектори, обезбедување и поранешни градоначалници.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.