Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

    03.04.2026 во 16:13

    Дрска кражба во Скопје: Понудил помош на 73-годишна жена, па со сила ѝ ја одзел чантата

    03.04.2026 во 16:03

    Случај „Онкологија“: Српскиот вештак откри шокантни пропусти – пациентите се лекувале без клучни податоци и КТ-наоди

    03.04.2026 во 15:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација
    • Дрска кражба во Скопје: Понудил помош на 73-годишна жена, па со сила ѝ ја одзел чантата
    • Случај „Онкологија“: Српскиот вештак откри шокантни пропусти – пациентите се лекувале без клучни податоци и КТ-наоди
    • Се уште се вози без дозволи, под дејство на алкохол и со забрани: За еден ден приведени 10 возачи
    • Млад делчевчанец возел со 129 км/ч на место каде е дозволено 50км/ч, полицијата веднаш го лишила од слобода
    • Проверете ги сметките: Исплатени субвенциите за овчарство за 2.139 сточари
    • Битолчанецот вработен во училиште кој „падна“ во меѓународната акција за детска порнографија оди зад решетки
    • Инвестициски бум во Долнени: Се реконструира речното корито во Дереште, четири села конечно добиваат чиста вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Москва ја засилува репресијата: Над 1.000 лица под удар на новиот даночен режим

    Москва ја засилува репресијата: Над 1.000 лица под удар на новиот даночен режим

    21.11.2025 во 09:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот парламент усвои законски измени со кои значително се зголемува даночната стапка за лицата и организациите означени како „странски агенти“ – статус што властите го користат за таргетирање на опозицијата и критичарите на режимот, пренесе ДПА. Според новите правила, наместо досегашните 13 до 22 проценти, овие лица ќе плаќаат највисока стапка од 30 проценти.

    „Оние кои ја предадоа нашата земја, не треба да добиваат даночни олеснувања“, напиша претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, на Телеграм.

    Терминот „странски агент“ во Русија се применува од 2012 година и служи за стигматизација на опозициски личности, активисти и независни организации. Со низа законски измени во изминатите години, Министерството за правда повеќе не мора да докажува дека означените лица добиле странско финансирање за да бидат ставени на списокот, наведува ДПА.

    Во моментов, повеќе од 1.000 организации и поединци се класифицирани како „под странско влијание“. Статусот носи сериозни последици: забрана за кандидатура на избори, забрана за работа во државните институции и ограничувања на приходите од кирија, камати на штедни влогови, како и од авторски или други интелектуални приходи.

    Секое јавно истапување, вклучително и објави на социјалните мрежи, мора да содржи јасна ознака дека лицето е „странски агент“. Непочитувањето на оваа обврска носи високи парични казни.

    Популарно

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација

    03.04.2026 во 16:13

    Дрска кражба во Скопје: Понудил помош на 73-годишна жена, па со сила ѝ ја одзел чантата

    03.04.2026 во 16:03

    Случај „Онкологија“: Српскиот вештак откри шокантни пропусти – пациентите се лекувале без клучни податоци и КТ-наоди

    03.04.2026 во 15:48

    Се уште се вози без дозволи, под дејство на алкохол и со забрани: За еден ден приведени 10 возачи

    03.04.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.