Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноска: Предлог буџетот за 2026 година е развоен и скроен по мерка на граѓаните

    Стојаноска: Предлог буџетот за 2026 година е развоен и скроен по мерка на граѓаните

    19.11.2025 во 11:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во денешната емисија „Студио 10“ на телевизија 24 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која зборуваше за Предлог буџетот за 2026 година истакнувајќи дека е развоен и скроен по мерка на граѓаните, за економски раст и развој на државата.

    „Највисок Буџет досега 6,7 милијарди евра, но за разлика од претходни буџети ова е повисок буџет, но ќе има помал дефицит, разликата помеѓу наплатата и потрошувачката овој пат за прв пат ќе се намалува, што значи ги зголемуваме наплатите, додека расходите многу внимателно и плански ќе ги реализираме. Она што е ветено ќе се реализира и затоа за капитални инвестиции овој пат велиме дека е издвоена таа сума која и реално ќе се реализира, видовме и пред два дена Европската комисија  го оцени Буџетот дека дава надеж“, вели Стојаноска.

    Пратеничката Стојаноска во своето гостување истакна дека со Буџетот е предвидено зголемување на платите и пензиите, како и инвестирање во капитални проекти, посочувајќи дека ќе се постигне економски раст и фискална консолидација.

    „Со овој Буџет се предвидени зголемени средства за плати и за пензии, но паралелно ќе имаме и капитални инвестиции, сето тоа е предвидено со овој буџет. На крајот на владеењето на СДСМ и ДУИ ние начекавме неисплатени по три, четири плати во Пошти, Водостопанство, Железници и Национални шуми, мора од овој буџет граѓаните да бидат мирни дека ќе имаат следствено покачување и на платите и на пензиите. Овој Буџет дава надеж дека државата ќе се постави на вистинска патека, ќе се стабилизираме и полека полека ќе се постигне и фискална консолидација и економски напредок, се што е вештачки напумпано гледате до каде не доведе, до долгови кои ни се оставени во наследство“, рече Стојаноска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.