Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Стојаноска: Затворањето на случајот „Мазут“ е доказ за влијанието на Ахмети, Филипче и Заев врз обвинителството

    14.05.2026 во 12:41

    (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче е поголем негатор на Македонија дури и од бугарските власти

    14.05.2026 во 12:36

    УХМР најавува град: Температурите ќе се спуштат до 5 степени, ветерот ќе достигне брзина од над 70 кm/h

    14.05.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Стојаноска: Затворањето на случајот „Мазут“ е доказ за влијанието на Ахмети, Филипче и Заев врз обвинителството
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче е поголем негатор на Македонија дури и од бугарските власти
    • УХМР најавува град: Температурите ќе се спуштат до 5 степени, ветерот ќе достигне брзина од над 70 кm/h
    • Кривични пријави против убиецот од Старо Нагоричане: Полицијата откри уште две убиства и два обиди за ликвидација
    • Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти
    • Хорор: 18 рудари се заробени во окната на рудникот Трепча Југ
    • Казни од 700 евра и одземање на возачката дозвола – Внимавајте на новите строги правила ако патувате во Грција
    • Петгодишно дете паднало од балкон, итно пренесено на скопските клиники
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пена извира од шахта на сред булевар во Скопје – Орце ќе казнува

    Пена извира од шахта на сред булевар во Скопје – Орце ќе казнува

    19.11.2025 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од средишната шахта на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба синоќа се излеа голема количина хемиска пена, што предизвика вознемиреност кај жителите од околината. Дел од граѓаните ја фотографираа необичната бела материја и ги објавија снимките на социјалните мрежи, по што на терен реагираше Инспекторатот на Град Скопје. При вонредниот надзор било утврдено дека загадувањето потекнува од фирма лоцирана во непосредна близина на местото на истекувањето.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот профил на Фејсбук ја нарече ситуацијата „алармантна“ и информираше дека инспекторите веднаш излегле на терен и направиле целосен увид.

    „На лице место беше затекнато масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во околината. Станува збор за сериозно прекршување на законските прописи и загрозување на животната средина. Надлежните институции веднаш постапија“, напиша тој.

    Според градоначалникот, земени се примероци од шахтата, од површината на булеварот и од опремата во сопственост на компанијата, кои се испратени на анализа, а резултатите се очекуваат денеска. Дополнително, ќе биде разгледан и елаборатот за животна средина што фирмата е должна да го поседува, со цел да се утврдат причините за инцидентот и евентуалните пропусти во работењето.

    „Врз основа на утврдените факти ќе бидат преземени најстроги мерки. Нема да биде дозволено никакво отстапување – секој што го загрозува здравјето на граѓаните и ја загадува околината ќе одговара“, порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Проверките завршија – заловеното животно во Козле е волк

    13.05.2026 во 17:55

    Хуманоста на дело: Стефковски покрена акција за самохрана мајка на три деца која живее во тешки услови

    13.05.2026 во 16:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.