Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите

    Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите

    18.11.2025 во 11:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, порача Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, во гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма.

    Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава.

    „Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна компонента во делот на она коешто граѓаните, домаќинствата го очекуваат од еден буџет, преку овие програми и сектори кои што влијаат врз нивниот живот“, рече Петрушевски.

    Во делот на социјалната заштита, Петрушевски нагласи дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите. Според него, пензиите ќе се зголемат за повеќе од 10%.

    „Имаме зголемена траса кон социјалната заштита и пензиите. Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%, така што да не се грижат пензионерите, ќе ги поддржиме нивните буџети согласно зголемените трошоци за живот“, истакна Петрушевски.

    Петрушевски ги демантираше тврдењата на пратеничката од СДСМ Тренчевска, истакнувајќи дека буџетот за социјална заштита не е намален, туку зголемен. Тој исто така истакна и дека во здравството се планира поголем буџет, кој ќе овозможи нова медицинска опрема и подобри услуги за пациентите, а се осврна и на делот за образование.

    „Ќе има сериозна поддршка за сите ранливи категории. Ќе има зголемена поддршка за здравствена заштита, затоа што имаме поголем буџет во здравството, ќе има пари кои што ќе се насочени кон подобрување на јавното здравство, кон нова медицинска опрема, нови услуги на пациентите. Ќе имаме средства кои што се во образованието исто така зголемени за 3,4% со акцент на средното образование, основното образование, високото образование, така што апсолутна невистина е се ова кое што се зборуваше“, потенцираше Петрушвски.

    Тој се осврна и на делот за зголемувањето на просечната нето плата, како и вработеноста, и овие бројки според него, ќе ја намалат невработеноста на околу 10%.

    „Согласно овој буџет, очекуваме раст на просечната нето плата на граѓаните од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% проценти што значи пад на невработеноста на некаде околу 10%“, посочи Петрушевски. 

    Петрушевски потенцираше дека буџетските корисници учествуваа во процесот на изработка на буџетот, а додаде и дека проекциите во буџетот се реални.

    „Апсолутно е невистина дека буџетските корисници не учествувале, тоа е законска обврска. Има буџетски циркулар, кој што е доставен до сите буџетски корисници, кои што го имаат пополнето, со кои што е разговарано и е скроен ваков буџет“, кажа Петрушевски и додаде:

    „Проекциите не се манипулативни, напротив се реални“. 

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.