Close Menu
Press24
    Најново

    ЕК: Мета со Инстаграм и Фејсбук го крши Законот за дигитални услуги

    10.07.2026 во 19:31

    Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

    10.07.2026 во 19:29

    Димитровски: Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања на историјата и идентитетот

    10.07.2026 во 19:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕК: Мета со Инстаграм и Фејсбук го крши Законот за дигитални услуги
    • Седум лица приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие
    • Димитровски: Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања на историјата и идентитетот
    • Ако внесеш пиво во студентски ќе те избркаат и нема да можеш да најдеш смештај во следните 5 години во никој друг
    • Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Македонија и Србија по 15 години
    • Се проширува истрагата за ботоксите
    • ВРЕДИ: ДУИ во паника – се моли да нема избори во Тетово
    • Турчинка приведена на скопски аеродром
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

    Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

    15.11.2025 во 15:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.

    „Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што бевме навикнати во минатото, напротив резултатите се видливи и опипливи. Насекаде во државата се реализираат проекти кои се од младинско значење, после 7 години конечно се реконструираат студентски домови и за брзо од денес ќе заминат во историја оние денови кога студентите ги сместувавме во домови кои личеа на концентрациони логори, оперативните планови за вработувања и мерки за самовработувања не се само на хартија и наменети за привилегираните, туку тие се за сите. Нема општина каде не се гради нов спортски терен или комплекс, нема место каде не се гради нова градинка или училиште“, рече Попов.

    Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог – буџетот кој е од  младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.

    „Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина“, вели Попов.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: ДУИ во паника – се моли да нема избори во Тетово

    10.07.2026 во 18:01

    Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик

    10.07.2026 во 17:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.