Close Menu
    Најново

    Земјотрес почувствуван во Македонија

    17.11.2025 во 16:45

    Случај „Онкологија“: Сведочеа лекари, директорот ја носел конечната одлука за терапија

    17.11.2025 во 16:39

    Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација

    17.11.2025 во 16:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Земјотрес почувствуван во Македонија
    • Случај „Онкологија“: Сведочеа лекари, директорот ја носел конечната одлука за терапија
    • Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација
    • Пиевте чаша вино или пиво – еве колку долго треба да чекате за да седнете зад воланот
    • Кражба на пат во Германија: Застанал да помогне па останал и без автомобил и без жена
    • Ја навредувал сопругата и ја влечел за коса, па ја плукал и ја шутирал по телото – Брутално насилство на улица во Белград
    • Средба Николоски-Грубер: Австрија е еден од најголемите инвеститори во Македонија
    • Сиљановска-Давкова: Да им се посветиме на реформите
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Трамп готви тужва за Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

    Трамп готви тужва за Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

    15.11.2025 во 11:55
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната недела во САД ќе поднесе тужба против Би-би-си, барајќи отштета од една до пет милијарди долари. Причината, како што тврди тој, е „монтажа“ на неговиот говор од 6 јануари 2021 година – денот кога негови поддржувачи влегоа во Капитол.

    „Ќе ги тужиме најверојатно следната недела за отштета од една до пет милијарди долари. Мислам дека треба, во смисла дека дури и признаа дека тоа е измама. Ги извртеа моите зборови“, изјави Трамп.

    Тој додаде дека планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер за време на викендот, посочувајќи дека според него Стармер се обидел да го контактира и дека е „многу засрамен“ од инцидентот.

    Адвокатите на Трамп претходно и дадоа рок на Би-би-си – до вчера да го повлече документарецот или да се соочи со тужба од „не помалку од“ една милијарда долари. Освен тоа, тие побараа британскиот јавен сервис да се извини и да надомести за „значително нарушување на репутацијата и претрпената финансиска штета“.

    Би-би-си призна дека монтажата на говорот на Трамп била „погрешна процена“ и пред два дена му испрати лично извинување. Сепак, од медиумот тврдат дека Трамп нема правна основа за тужба.

    Спорниот документарец содржи три изменети извадоци од неговиот говор, што според адвокатскиот тим на Трамп го прави филмот „манипулативен и клеветнички“.

    Популарно

    „Бентли“ ти дава крилја: Дозволено 50км/ч – летал со 143 км/ч

    17.11.2025 во 11:57

    Тошковски: Успешно ме оперираа – да се опоравам и се враќам на работа

    17.11.2025 во 15:26

    (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда

    17.11.2025 во 14:24

    Добри вести за пензионерите: Следи ново зголемување на пензиите

    17.11.2025 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.