Close Menu
Press24
    Најново

    Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам

    29.05.2026 во 15:49

    Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете

    29.05.2026 во 15:31

    Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29.05.2026 во 15:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам
    • Голема несреќа со тротинет: Загина 13-годишно дете
    • Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии
    • Руте за паднатиот руски дрон во Романија: Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас
    • Мицкоски за предлозите на Мерц за „придружено членство“ во ЕУ: Љубопитни сме за овие концепти и идеи
    • Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола
    • Костадиновски за Нова Македонија: Кога политиката сака послушен суд има проблем со Уставот, а не со судиите
    • Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани

    Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани

    14.11.2025 во 20:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје -Блаце и Кичево -Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, истакна во вечерашното интервју за “ТВ Алсат”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8.

    “Рокот за поднесување на понуди заврши, има поднесени доста понуди, заради тајност на постапката не можам да ја кажам бројката, но е доста голема. Има сериозни понуди и најмалку три од нив се во рамки на буџетот за Скопје – Блаце, а исто така има и три понуди за автпатот Кичево Букојчани.
    Многу значајно за Скопје -Блаце е тоа што успеавме да го вратиме проектот во нормала. Она што ние го наследивме беше 27 милиони евра по километар, што мислам дека сите ќе се сложат дека е неодржлива работа. Сега го вративме во рамки на договорената цена со ЕБОР, таму имаме 166 милиони евра кредит и 30 милиони евра грант, тука влегува и изведба на градежните работи, надзор и техничка помош за ЈПДП. Очекувам во првата половина од декември да избереме изведувач и во зависност од временските услови да ги воведеме во работа и таму е брз рокот 2,5 години, истакна Николоски.

    Вицепремиерот најави дека се работи на проект за реконструкција на обиколница Скопје, а исто така интензивно се работи и на останатите автопати на Коридор 8.

    ” Работиме проект за целосна реконструкција и рехабилитација на обиколницата на Скопје, која што оди од Арачиново кон Ѓорче Петров. Работиме на Тетово Гостивар нов автопат, одлично оди динамиката. Таму имавме одредени проблеми со рушење на одредени објекти, но и тоа се решава, се експроприра земјиштето. Понатаму работиме на Гостивар-Букојчани популарната Стража, проект кој што за мене е лична гордост, затоа што е доста тежок и комплициран инженерски проект. Од 33 км колку што е целата траса, првите 17 км се пробиени. Од пролет ќе почне да се работи од страната на Букојчани и ова ќе е прв автопат кој ќе се спојува на пола” потенцираше вицепремиерот Николоски.

    Вицепремиерот исто така најави дека во прва половина на декември ќе се пуштат во сообраќај нови делници од автопатот Кичево -Охрид.

    Прочитај повеќе

    Отворен „Мега шопинг парк” во Гевгелија, регионален центар на шопинг туризам

    29.05.2026 во 15:49

    Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање

    29.05.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.