Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјанец пронајден починат во двор од семејна куќа
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е и безбедносно прашање
    • Николоски и Баша на средба во Скопје: Фокус на патот Тетово-Призрен и автопатот Скопје-Блаце
    • Воведена нова автобуска линија 37: Радишани и Бутел се поврзуваат со Карпош 3
    • Расчистени измами во Охрид и Струга за 5.500 евра: Полицијата пронајде лажни пари, златници и накит во Велес
    • Кривична пријава за тројца скопјани: Претепале 28-годишник и му се заканувале на семејството
    • Шасивари – Милер: Наш приоритет е најдобриот интерес на детето
    • Ѓорѓиевски одговори на СДС за комарците: Јавното здравје не се штити со политичка хистерија и паника
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филков: Се финализира Кривичниот законик

    Филков: Се финализира Кривичниот законик

    14.11.2025 во 17:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда Игор Филков во интервју за МИА соопшти дека се финализира Кривичниот законик по што ќе биде доставен во владина процедура.

    ,, Во моментов се врши дополнително усогласување со четири нови европски директиви: Директивата за заштита на животната средина преку кривично право (EcoCrime), Директивата за семејно насилство и насилство врз жените, Директивата за поврат на средства и конфискација, како и Предлог-директивата за борба против корупцијата. Овој процес истовремено се одвива и во голем број од државите членки на ЕУ. По финалното усогласување, Кривичниот законик ќе биде доставен во владина процедура. Се утврдува и ново кривично дело во врска со злоупотреба на снимка, фотографија, аудио запис со сексуално експлицитна содржина, каде се инкриминирани и видеа креирани со вештачка интелигенција познати како deep fake. Истовремено се врши и ревидирање на посебните кривични дела поврзани со проектот „Безбеден град“, како што е кривичното дело Безобзирно управување со моторно возило”,вели министерот Филков.

    Целта на Министерството за правда е јасна: да создадеме нов, модерен и кодифициран Кривичен законик, во кој ќе бидат инкорпорирани сите релевантни меѓународни стандарди и инструменти, за да се зајакне правната сигурност на граѓаните, а практичарите — судиите, обвинителите и адвокатите  да имаат јасен и применлив закон, без недоречености и контрадикторности.

    Овој документ ќе биде суштинска трансформација на казненото право: со јасни дефиниции, правична рамнотежа на санкции, елиминирање на правната несигурност и создавање рамка во која селективната правда станува невозможна.

    Ова е чекор што ќе ја одбележи новата етапа во реформата на правосудството и ќе ја утврди Македонија како држава што знае да ги следи европските стандарди , но и да гради сопствена правна стабилност.

    Министерот Филков се осврна и на најавите за можноста Уставниот суд да донесе мериторна одлука за спорните измени од 2023 година доколку евентуално не се корегираат забелешките со најавеното законско решение.

    ,,Одлуките на Уставниот суд конечни и извршни. Но, притоа  мора да се внимава  со изјавите и ставовите за да не се добие впечаток во јавноста дека се користат за дневно политиканство”,потенцира министерот за правда, Игор Филков.

    Прочитај повеќе

    Скопјанец пронајден починат во двор од семејна куќа

    19.08.2026 во 16:30

    Сиљановска-Давкова се сретна со Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е и безбедносно прашање

    19.08.2026 во 16:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.