Close Menu
Press24
    Најново

    Дневен хороскоп: Нови идеи кои ќе го променат правецот кај Овенот, Рибите ќе решаваат приватни прашања

    24.03.2026 во 09:14

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата

    24.03.2026 во 09:11

    Најтопло утро во Скопје – Деновиве не излегувајте без чадор

    24.03.2026 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Нови идеи кои ќе го променат правецот кај Овенот, Рибите ќе решаваат приватни прашања
    • ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата
    • Најтопло утро во Скопје – Деновиве не излегувајте без чадор
    • Почина Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар – Басистот на култниот „Бастион“
    • Трагедија го расплака регионот:12-годишно момче почина откако по грешка испило отров
    • 19 години Универзитет „Гоце Делчев“-Штип
    • Нов ценовен шок – Полн резервоар дизел од полноќ поскап за 1.500 денари
    • Исклучувања до 14 часот – Неколку населби во Скопје без струја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Content Positive 2025: Дигиталниот простор нуди вредност само ако го користиме свесно

    Content Positive 2025: Дигиталниот простор нуди вредност само ако го користиме свесно

    14.11.2025 во 11:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Oдговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор.

    Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини истакнати експерти од онлајн-безбедноста, сајбер-заштитата, образованието, технологијата, јавниот живот и креаторите на содржини, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. На панелот 3 од конференцијата насловен „Подобри онлајн-практики“ учество земаа и Кики Мукаетова – креаторка на содржина, Ана Попризова – психолог и гешталт-терапевт, д-р Димитар Јовевски – редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ и Елеонора Венинова – режисерка и сценаристка.

    Во својство на родител на контент-креатор и раководител на компанија со повеќе од 3.000 вработени, чијашто работа се потпира на најсовремените технологии, Мукаетов направи паралела меѓу личното и професионалното искуство во однос на предностите и предизвиците на дигиталната ера:

    „Како човек роден во аналогна ера, во семејство со четири деца – еден миленијал, две припаднички на Gen Z и најмладиот член од генерацијата алфа – разликата меѓу времето во кое јас растев и она во кое растат новите генерации е драстична. Ако јас на нивна возраст наутро прво одев во трафика по најновиот број на тогашниот дневен весник ’Македонски спорт’, моите деца денот го започнуваат со мобилните телефони. Ако порано одредени производствено-аналитички техники бараа подлабинско внимателно следење од страна на повеќе искусни стручњаци, денес – поради високата автоматизација – поголемиот дел од работата е пренесена на технологијата, но улогата на човечкиот фактор останува клучна“, истакна Мукаетов.

    Кога станува збор за напливот на информации, Мукаетов ја изрази својата загриженост од растечката склоност кон површност, посочувајќи: „Фармацевтската индустрија се потпира на прецизна наука, строги протоколи и длабинско разбирање на секој процес. Во овој сектор нема простор за брзи, површни заклучоци или, пак, импровизации. Секој чекор – од истражување и развој, преку контролата на квалитет, до производството и безбедноста на лековите – бара максимална точност и одговорност.“

    Во ерата на брза размена на информации, социјалните мрежи, вештачката интелигенција и интернетот претставуваат клучни алатки за учење, информирање и креативен развој, но како можности истите носат и одредени ризици како прекумерна изложеност, зависност од екрани и дезинформации. На овие аспекти се осврна и Кики Мукаетова:

    „Моето регистрирано време поминато пред екран во просек е околу 10 часа дневно, од кои значителен дел се поврзани со училишните обврски. Таквата статистика дури и мене ми изгледа премногу и се обидувам да креирам рутини кои реално функционираат, но треба да се има волја за тоа. Голем предизвик за нас тинејџерите е притисокот од социјалните мрежи, како и, најчесто, неоправданите критики. Според мене, клучниот збор е одговорност. Има однесувања и норми кои се прифатливи и до кои треба да се придржуваме. Ние тинејџерите не можеме да делуваме институционално, но лично би сакала да има некоја законска рамка за тоа што и колку е дозволено во тој онлајн-простор. Накратко, ни треба онлајн-простор каде младите ќе се чувствуваат прифатено, а не осудувано“, истакна Мукаетова.

    Учесниците на панелот заклучија дека дигиталниот простор треба да остане место што поттикнува креативност, учење, поврзување и размена на идеи, но истовремено мора да биде ослободен од токсичност, дезинформации и притисок од нереални стандарди. Остварувањето на ваква здрава и конструктивна онлајн-средина бара усогласена и одговорна соработка меѓу сите чинители – поединците, образовните институции, дигиталните платформи, бизнис-секторот и надлежните институции.

    Популарно

    Дневен хороскоп: Нови идеи кои ќе го променат правецот кај Овенот, Рибите ќе решаваат приватни прашања

    24.03.2026 во 09:14

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата

    24.03.2026 во 09:11

    Најтопло утро во Скопје – Деновиве не излегувајте без чадор

    24.03.2026 во 09:08

    Почина Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар – Басистот на култниот „Бастион“

    24.03.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.