Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Уште едно училиште со паметен систем за следење на потрошувачката на енергија

    Божиновска: Уште едно училиште со паметен систем за следење на потрошувачката на енергија

    13.11.2025 во 11:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме идните граѓани и професионалци. Во основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, се потпиша меморандум за соработка и донација на паметни уреди за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија. Меморандумот беше потпишан од страна на директорката на училиштето Елизабета Темелковска и претставничката на Шпаркасе Банка Златица Цивкаровски.

    Со овој меморандум започнува процесот на инсталација на напредното решение Smart Energy Metering and Management (SEMM) во училиштето „Наум Наумовски Борче“, со што ова училиште се приклучува на мрежата на јавни институции кои го воведуваат паметното следење и управување со потрошувачката на електрична енергија. Преку вакви конкретни чекори, ја пренесуваме пораката дека секоја институција, па и секој поединец, има улога во одржливото управување со енергијата. Истовремено, со ваквите проекти ги учиме младите генерации на свесност, одговорност и рационално користење на енергијата – вредности коишто се суштински за иднината што ја градиме заедно,“ истакна министерката Божиновска.

    Вакви системи веќе се инсталирани во четири скопски основни училишта:  „Мирче Ацев“ – Општина Ѓорче Петров,  „Исмаил Ќемали“ – Општина Чаир,  „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Кисела Вода,  „Лазо Ангеловски“ – Општина Аеродром.

    Министерката Божиновска нагласи дека ова е прв чекор кон системско воведување на дигитални решенија за енергетска ефикасност во јавниот сектор, особено во образованието.

    „Се надеваме дека сè повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе се вклучат во решенија коишто ќе им помогнат на овие институции полесно и поефикасно да се справуваат со потрошувачката и трошоците за електрична енергија,“ посочи Божиновска.

    Таа додаде дека компаниите не треба да бидат само технолошки иновативни, туку и општествено одговорни, и дека поддршката на приватниот сектор за училиштата и болниците е од суштинско значење во услови на глобални енергетски предизвици. Од училиштето изразија благодарност за поддршката и партнерството, истакнувајќи дека ваквите иницијативи се значајни не само за заштеда на енергија, туку и за воспитување на учениците во духот на одговорност кон заедницата и околината.

    Во рамки на посетата, министерката Божиновска, градоначалникот Стефковски и претставниците на Шпаркасе Банка разговараа со наставниците и учениците, кои ја претставија својата визија за „зеленото училиште на иднината“ и активностите што веќе ги реализираат во насока на енергетска и еколошка свест.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.