Close Menu
    Најново

    ФБ војна на Николовски и Трипуновски

    13.11.2025 во 11:29

    ОЈО ја потврди кривичната за Беџети – се преземаат дејствија на проверки

    13.11.2025 во 11:27

    Директорот на Царина: Во Буџетот се слеале над 12 милијарди денари од кај нас

    13.11.2025 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ФБ војна на Николовски и Трипуновски
    • ОЈО ја потврди кривичната за Беџети – се преземаат дејствија на проверки
    • Директорот на Царина: Во Буџетот се слеале над 12 милијарди денари од кај нас
    • Кој не се пријавил за оброк, сега му е време: МОН распиша нов повик
    • Блерим Беџети заработи кривична пријава
    • Падна висок функционер на ДУИ: Голема акција на полицијата во Сарај
    • Ѓорѓиевски: Слава на борците за слободно Скопје
    • Едниот возел дрво пијан, другиот бил дрогиран: Имале драматична средба со полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ФБ војна на Николовски и Трипуновски

    ФБ војна на Николовски и Трипуновски

    13.11.2025 во 11:29
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот. Умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците, вели Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во објава на социјалните мрежи.
    Неговата политичка кариера е завршена, па вака со манипулации се обидува вештачки да се одржи во јавноста, брзо заборави што им порачаа граѓаните на локалните избори пред скоро две недели. Со лаги и дезинформации не се владее.

    Повторувам, нема простор за загриженост Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за истражување на случувањата во Агенцијата, порача Трипуновски.


    Неговата реакција следи откако вчера по неговото гостување во Тема на денот екс министерот за земјоделство Љупчо Николовски на социјалните мрежи побара оставка.
    „ Замислете блокирани се 130 милиони евра европски пари – средства што требаше да донесат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови вработувања, а тој зборува за глупости, демагогии и неосновани обвиненија.

    Овие пари не се бројка на хартија. Тоа требаше да бидат неповратни грантови за наши земјоделци, за млади луѓе кои вложиле труд, пари и надеж дека државата и Европа стојат зад нив“ – напиша Николовски.


    Трипуновски вчера во Тема на денот објасни дека само 50тина договори кои што се во фаза на реализација од ИПАРД програмата се стопирани додавајќи дека откако стапил на позицијата министер поднел серија документи до Јавното обвинителство за наводно незаконско постапување на Николовски додека бил министер за што обвинителите се уште не реагираат.

    Популарно

    Падна висок функционер на ДУИ: Голема акција на полицијата во Сарај

    13.11.2025 во 10:39

    Блерим Беџети заработи кривична пријава

    13.11.2025 во 10:41

    (ВИДЕО) Трипуновски: За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал

    12.11.2025 во 20:49

    МВР до граѓаните: Ставете си зимски гуми

    12.11.2025 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.