Close Menu
    Најново

    Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер

    30.12.2025 во 17:48

    ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

    30.12.2025 во 17:33

    СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

    30.12.2025 во 17:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода
    • Сибирски студ ја зафаќа Македонија: Температурите ќе паднат до -15 степени
    • Спречена трагедија во Велес: Пожар проголта две возила и бандера, пожарникарите спречија да изгорат куќите
    • Започна судењето за свирепото убиство во Штип: „Грофот“ тврди дека не се сеќава како ја убил својата мајка
    • Разбојништво среде Скопје: Со остар предмет му се заканиле на дете и го земале велосипедот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николовски: СДСМ предлага план за деблокада на ИПАРД во два чекори

    Николовски: СДСМ предлага план за деблокада на ИПАРД во два чекори

    12.11.2025 во 14:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Суспензијата на исплатите за ИПАРД програмата поради корупцискиот скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието предизвикаа шок, недоверба и огромна неизвесност кај илјадници македонски земјоделци и компании, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски.

    Бидејќи владата и министерството молчат денеска ќе објавиме колкав е импактот, колку проекти се засегнати, колкава е вредноста на инвестициите, истакна Николовски.

    „Бројките огромни и поразителни. 

    Со суспендирањето на ИПАРД 3, блокиран е целиот буџет од 128 милиони евра, но бидејќи досега на располагање на земјоделците се ставени 65 милиони евра со кофинансирање тоа се  вкупно инвестиции во износ од 130 милиони евра кои сега де факто се ставени во мирување.

    Досега има склучени 453 договори во вредност од 35 милиони евра, од кои исплатени се само 10 милиони. Во моментов над 180 инвестиции вредни над 25 милиони евра, се директно погодени, а уште 30 милиони евра во нови проекти се стопирани. Овие бројки ги потврди и соопшти и Министерството за финансии вчера.

    Значи вкупно, над 130 милиони евра инвестиции во земјоделството се ставени во мирување“, посочи Николовски.

    Николовски рече дека зад сите овие бројки стојат луѓе, земјоделци, фирми, семејства, кои вложиле сè со надеж дека државата и Европа стојат зад нив. Денес тие се оставени без одговор кога и дали ќе им бидат исплатени средствата, дали воопшто ќе можат да продолжат или не.

    „Исто така, стотици нови апликанти кои ги подготвија своите проекти за 2025 година сега се во ќорсокак. И најавените нови јавни повици се стопирани.

    Ова е силен удар и македонското земјоделството е пред ризик од економски колапс. Програмата која беше симбол на развој и модернизација денес е на колена.

    Потребни се решенија, потребна е итна и координирана акција“, потенцираше Николовски.

    Николовски упати јасен повик до Владата, Министерството за земјоделство, Министерството за финансии и  Агенцијата за финансиска поддршка да го прифатат овој план за деблокада на ИПАРД програмата во неколку чекори.

    1. Утврдување на фактичката состојба, обемот и слабостите. Како претседател на Комисијата за земјоделство, веќе побарав детални информации за причините и обемот на суспензијата. Целта е јасна: да се утврди вистината, да се откријат институционалните слабости.

    2. Потоа, врз база на овие наоди заеднички да се подготви Акциски план кој државата ќе го достави, и ќе го презентира до Европската комисија.

    „Со ваков еден план државата ќе се обврзе да преземе и да воспостави засилени механизми на контрола, ефективни антикорупциски мерки и поголема транспарентност во спроведувањето на европските програми.

    Нашата порака до партнерите во Брисел мора да биде јасна и недвосмислена: ова е изолиран случај, надлежните мора да постапат, секој што е инволвиран ќе биде сакнциониран.

    Време е да покажеме одговорност и решителност бидејќи ова не е само прашање на европски фондови ова е прашање на доверба во институциите, прашање за иднината на македонското земјоделство.

    Нека овој момент биде пресвртна точка, да изградиме систем кој нема да зависи од поединци, туку од јасни правила, интегритет и отчетност.

    Само така ќе можеме да гарантираме дека европските средства ќе продолжат да се користат таму каде што им е местото: за поддршка на македонските земјоделци и развојот на руралните средини“, нагласи Николовски.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.