Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси

    11.06.2026 во 10:20

    Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април

    11.06.2026 во 10:18

    Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени

    11.06.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
    • Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
    • Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
    • ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
    • Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
    • ВМРО-ДПМНЕ: ,,Роаминг како дома“ за граѓаните значи пониски трошоци и подобра поврзаност
    • Лоши вести за сите кои планираат да одат во Грција: Тропскиот топлотен бран завршува, пристигнуваат град, бури и грмотевици
    • ФОТО: Македонската Царина сопре рент-а-кар возило – Заплена од 13.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Следен чекор на МДТ е создавањето на Владин Центар за одговор на сајбер инциденти 

    Андоновски: Следен чекор на МДТ е создавањето на Владин Центар за одговор на сајбер инциденти 

    12.11.2025 во 12:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Следната фаза во јакнењето на националната сајбер безбедност е изградбата на новиот Владин Центар за одговор на сајбер инциденти – GOVCIRT“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на форумот „Технологии и добри практики во сајбер безбедноста. Искуства од Република Италија“, одржан денеска во Скопје.

    На настанот присуствуваа претставници од италијанските институции и компании, како и експерти и претставници од македонските институции, кои дискутираа за новите модели и решенија за унапредување на сајбер отпорноста.

    Министерот Андоновски истакна дека Владата е целосно посветена на создавање безбеден, стабилен и модерен дигитален екосистем, и дека новиот Закон за сајбер безбедност, усвоен оваа година, претставува темел за европски стандард во оваа област.

    „Со овој закон ја поставуваме јасната рамка за управување со ризици, брз одговор на инциденти и координација меѓу институциите. Тоа е сигнал дека Македонија е подготвена да функционира безбедно дури и во време на комплексни дигитални закани,“ истакна министерот.

    Тој потсети и на Националната стратегија за сајбер безбедност, која ја дефинира визијата за создавање сајбер-отпорно општество и поставува приоритети за критичната инфраструктура, човечки ресурси и меѓународна соработка.

    Министерот го најави создавањето на новиот Владин Центар за одговор на сајбер инциденти (GOVCIRT) како централна институција за заштита на националните дигитални системи.

    „Инвестираме во инфраструктура, модерни алатки и 24/7 оперативна подготвеност. Во тек е финализирањето на Патоказот за развој на GOVCIRT, кој ќе ја прошири експертизата на тимот и ќе овозможи интеграција во европските мрежи за размена на информации,“ изјави Андоновски.

    Во обраќањето, министерот се осврна и на досега направените крупни чекори од страна на државата во дигитализацијата:

    • над 76 институции се поврзани на Националната интероперабилност,
    • порталот uslugi.gov.mk нуди над 300 електронски услуги,
    • во тест фаза е националниот дигитален паричник,
    • воспоставени се правни темели за дигитален потпис и дигитален идентитет.

    „Дигитализацијата нема смисла без доверба, а довербата не постои без силна сајбер безбедност,“ истакна министерот.

    Во завршницата од обраќањето, министерот Андоновски порача дека сајбер безбедноста е тивката архитектура на дигиталната држава и дека Македонија решително го гради тој систем преку законски решенија, стратегии и меѓународни партнерства.

    „Со новиот Закон, со Националната стратегија и со развојот на GOVCIRT, ја поставуваме основата на довербата што ја држи дигиталната држава. Тоа е нашата следна фаза – да изградиме стабилен и европски модел на сајбер безбедност,“ заврши министерот Андоновски.

    Министерот Андоновски изрази благодарност до Италија за поддршката и споделените искуства во областа на сајбер безбедноста.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси

    11.06.2026 во 10:20

    ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава

    11.06.2026 во 10:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.