Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Ресен има убава иднина, му треба само мала помош

    Сиљановска-Давкова: Ресен има убава иднина, му треба само мала помош

    12.11.2025 во 10:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села.

    Во Ресен таа го посети Домот на културата ,,Драги Тозија”, познат како ресенскиот сарај. Објектот го градел еден од водачите на младотурската револуција, Ахмед Нијази Бег на почетокот на 20-тиот век и во него се наоѓа спомен собата на Кераца Висулчева во којашто се изложени дел од цртежите и сликите од нејзиното творештво. Претседателката искажа верување дека свое заслужено катче во сарајот ќе добие и ресенчанката Наде Проева, истакната македонска историчарка и професорка. 

    Таа ја разгледа и спомен-куќата на Татарчеви, во којашто се чуваат предмети од ова познато семејство, како и музејската поставка со восочни фигури и други обележја на голем број историски личности од регионот.

    За време на посетата, Сиљановска-Давкова одблизу се запозна со работата на фабриката Свисслион Агроплод и оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен.

    Истакнувајќи дека за неа е голем предизвик да разговара со млади луѓе, коишто во себе носат уникатна енергија, претседателката ги слушна нивните размислувања и идеи како да се намали иселувањето. На средбата се согласи со ставот на младите и на градоначалникот дека е неопходна државна стратегија за задржување на младите тука, дома. 

    „Знам дека Ресен има убава иднина, му треба само мала помош. Преку проектот „ЕУ за Преспа“ се вложуваат значителни средства за развој на Ресен, којашто е една од македонските општини со најголем бенефит од европските фондови“, заклучи Сиљановска-Давкова.

    Прочитај повеќе

    Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави

    21.10.2026 во 22:30

    Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

    21.10.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.