Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пак се јави Арсовска – сега сака на ТВ дебата

    Пак се јави Арсовска – сега сака на ТВ дебата

    11.11.2025 во 10:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на изјавите на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и го повика јавно да се соочат во телевизиска дебата.

    Арсовска побара од Ѓорѓиевски да ги објави сите податоци за долговите на градските институции и фирмите што соработуваат со Градот, со точни износи, фактури и датуми на обврските. Таа, исто така, побара да биде објавена и листата на 500 вработени за кои градоначалникот тврдеше дека не доаѓале на работа подолг период.

    „Ако имаш аргументи, излези и соочи се на јавна дебата. Нема потреба од изговори и политички манипулации, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината“, порача Арсовска во својата реакција.

    Од друга страна, Ѓорѓиевски вчера во интервју за Сител најави дека ќе спроведе сериозни проверки во сите јавни претпријатија и институции под надлежност на Град Скопје, со цел, како што рече, да се стави крај на неефикасноста и злоупотребите. Тој рече дека Град Скопје се соочува со огромен долг од 300 милиони евра.

    Полемиката меѓу двајцата градоначалници се случува во период кога во градските претпријатија се спроведуваат кадровски и организациски промени, а јавноста со внимание ги следи нивните меѓусебни обвинувања.

    Реагираше ВМРО-ДПМНЕ

    „Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна. И посакуваме да се надмине себе си и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и и посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес. Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира. Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.