Close Menu
Press24
    Најново

    Стефковски сподели добри вести на Фејсбук: Решаваме долгогодишен проблем

    10.07.2026 во 11:15

    СДСМ: Владата се фали со статистика додека граѓаните имаат поскап живот и ниски плати

    10.07.2026 во 10:59

    Водовод со важно соопштение за недела: Неколку општини ќе бидат без вода

    10.07.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стефковски сподели добри вести на Фејсбук: Решаваме долгогодишен проблем
    • СДСМ: Владата се фали со статистика додека граѓаните имаат поскап живот и ниски плати
    • Водовод со важно соопштение за недела: Неколку општини ќе бидат без вода
    • Нови правила за лизинг: Поголема заштита за корисниците и построги услови за компаниите
    • ФОТО: Претрес во Скопје – Полицијата уапси две лица
    • ФОТО: Најдена опасна граната тешка околу 45 килограми – Сложена акција кај Неготино
    • 120 деца опфатени со летната програма за згрижување во Општина Центар
    • ФОТО: „Да не му галамат децата под прозор“ – Детско игралиште во Кисела Вода полеано со уље
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН со рекорден буџет за наука: Од 380 милиони денари до 773 милиони денари за две години

    МОН со рекорден буџет за наука: Од 380 милиони денари до 773 милиони денари за две години

    10.11.2025 во 10:40Updated:10.11.2025 во 11:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 773 милиони денари за наука, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

    Од ресорното министерство информираат дела оваа календарска година преку три повици за распределба на средства  е стимулирана реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научни установи, на МАНУ и бизнис заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите, како што наведуваат, успешно се реализираат.

    – Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарди денари со кои продолжува финансирањето на научно-истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и организирање на научни и студиски престои во странство. Посебно радува зголемениот интерес кај младите да се занимаваат со наука и иновации, што се огледува преку искористување на мерките кои МОН ги става на располагање, така што, заедно со другите надлежни владини институции продолжуваме да ги поддржуваме во реализација на личните амбиции, стои во соопштението.

    Според МОН, развојни политики добиваат континуитет затоа што секој влог во науката се исплати и на средства и труд во овој сегмент не треба да се штеди.

    – Честит 10 Ноември – Светски ден на науката!, додават од МОН.

    Прочитај повеќе

    Нови правила за лизинг: Поголема заштита за корисниците и построги услови за компаниите

    10.07.2026 во 10:35

    Рекордни бројки на македонските аеродроми: Речиси два милиони патници во првите шест месеци

    10.07.2026 во 09:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.