На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“.
По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.
- Полициска акција ширум земјата: Приведени 17 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци
- Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“
- ВЛЕН: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ која ги манипулира младите за лични интереси
- ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Мастеф“ во периодот 2018-2021 била најомилена на градоначалниците на СДСМ
- Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“ за утре
- Утре посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно
- Фрчкоски: Нова омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ добила 93 тендери вредни над 18,3 милиони евра
- Кремљ потврди: Владимир Путин на 19 и 20 мај во официјална посета на Кина

