Close Menu
Press24
    Најново

    Финска ги крена борбените авиони

    15.05.2026 во 09:55

    Герасимовски: Зголемена паричната помош за новороденчиња во Општина Центар

    15.05.2026 во 09:46

    Битиќи: Јавниот долг за две години порасна за 2,5 милијарди евра

    15.05.2026 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финска ги крена борбените авиони
    • Герасимовски: Зголемена паричната помош за новороденчиња во Општина Центар
    • Битиќи: Јавниот долг за две години порасна за 2,5 милијарди евра
    • Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори
    • СДСМ: Мицкоски, Муцунски и Сиљановска ја потврдија нашата вистина, сега треба да им се извинат на граѓаните
    • Денеска се слави летен Атанасовден – се празнува двапати во годината
    • ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата
    • Дневен хороскоп: Тензичен ден кој бара трпение, еве што ги очекува хороскопските знаци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна одлука: 30-дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во ИПАРД програма

    Падна одлука: 30-дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во ИПАРД програма

    07.11.2025 во 19:403 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор.

    Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. е прифател предлогот и на сите четворица им е определена мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1, 2 и 3 односно „Опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото“. За петтоосомничената Ј.К Судот го прифати променетиот предлог на јавниот обвинител за определување мерка куќен притвор

    Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

    Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК вчера во попладневните часови ги лишиле од слобода петте лица, меѓу кои, директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, управител на правно лице, кое иако не ги исполнувало условите по примено ветување за подарок од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, како и други три лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, кои биле посредници при давањето поткуп.

    Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес.

    Како што информираат попладнево од МВР, вчера во попладневните часови полициски службеници лишиле од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Н. (77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица А.Ф.(44), Ј.К.(35) и И.С.(57) како посредници сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Ф.Ф.(47) сторил продолжено кривично дело „примање поткуп“.

    Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднел барање за определување мерка притвор за сите осомничени.

    Првоосомничениот, како што информираа од Обвинителство, – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ.

    Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го потикнаале директорот на Агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши.

    -Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени, се вели во соопштението од Обвинителство.

    При извршени претреси, како што информираат од МВР, на други локации пронајдени се парични средства во значителна вредност.

    Прочитај повеќе

    Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела

    14.05.2026 во 21:22

    Откриено од каде се испраќаат лажните пораки за сообраќаен прекршок

    14.05.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.