Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Србија пред колапс во снабдувањето со нафта – резерви има само за уште 2-3 недели

    Србија пред колапс во снабдувањето со нафта – резерви има само за уште 2-3 недели

    07.11.2025 во 11:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Србија се соочува со сериозен ризик од прекин во снабдувањето со нафта и горива веќе за неколку дена, откако на 21 ноември стапуваат на сила американските санкции против руската компанија „Лукоил“, а до 25 ноември се очекува да се исцрпат и залихите на српската нафтена индустрија – НИС.

    Според српските медиуми, санкциите што ги воведуваат САД против „Лукоил“ може да предизвикаат големи нарушувања во енергетските текови низ Југоисточна Европа. Србија, каде „Лукоил“ работи веќе повеќе од две децении, ќе биде директно погодена од последиците. Дополнителна неизвесност предизвика и најавата од компанијата „Гунвор“ дека се повлекува од купувањето на имотот на „Лукоил“ во странство.

    Иако „Лукоил Србија“ формално не е на листата на санкционирани компании, експертите предупредуваат дека ограничувањата кон матичната компанија може да доведат до проблеми во снабдувањето и дистрибуцијата на деривати. Засега пазарот реагира претпазливо, но растот на цените на нафтата на светските берзи веќе има влијание и на домашните бензински пумпи, пишува Блиц.

    Вториот критичен рок е 25 ноември, кога се очекува да се потрошат последните резерви на сурова нафта со кои располага НИС – залихи набавени пред воведувањето на американските ограничувања.

    Од компанијата соопштија дека производството во рафинеријата во Панчево се одвива според планот на кризниот тим и дека има доволно нафта за преработка до наведениот датум. На последниот состанок биле презентирани и административните мерки што ги усвоила Владата на Србија, со цел да се олесни увозот на нафтени деривати и да се спречат прекини во снабдувањето.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.