Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хорор во Скопје: 17-годишник избодел 15-годишник
    • Скопје: Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа со тротинет и автомобил
    • Се преврте автомобил во Скопје – повредени две млади девојки
    • „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • „Ќерката ме претепа со тврд предмет и ми се закани“ – Скопјанец пријавил во полиција
    • МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
    • Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е синoним за пропаста на СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е синoним за пропаста на СДС

    07.11.2025 во 09:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз на СДС каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран Заев ја доведе СДС до раб на исчезнување на политичкиот спектар.

    Венко Филипче наместо да го релативизира и минимизира поразот треба да си поднесе оставка. Под водство на Филипче кој делува како продолжена рака на Заев СДС наместо промени и реформи стана синоним за расипништво, каде тандемот Филипче и Заев се луксузира на скапи одмори, јахти, поседува милионски имоти и инвестира во Дубаи.

    Со само 126 илјади гласа и 6 општини СДС доживеа потоп. Народот ги казни ароганцијата, расипништвото и лажниот морал. СДС заборави на реaлните проблеми на граѓаните, партијата се оддалечи од народот и стана затворен елитен клуб кој мисли само на личните привилегии.

    СДС е се уште под диктат на Заев, Филипче не се дистанцира од штетните политики на Заев, неместо реформи во СДС се прават козметички потези и се штити раководството. Итна оставка на Филипче и длабоки внатрешни реформи се единствениот начин СДС да преживее на политичката сцена.

    За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. Македонија има потреба од силна, чесна и одговорна опозиција.

    Додека СДС тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36

    „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните

    20.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.