Close Menu
    Најново

    Филков: Ги усогласуваме законите со европските стандарди

    06.11.2025 во 14:14

    Безживотно тело на машко лице пронајдено на земјен пат во Чашка – познат идентитетот

    06.11.2025 во 14:01

    Обид за братубиство во Скопје

    06.11.2025 во 13:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филков: Ги усогласуваме законите со европските стандарди
    • Безживотно тело на машко лице пронајдено на земјен пат во Чашка – познат идентитетот
    • Обид за братубиство во Скопје
    • Кривична пријава за поранешна директорка на училиште во Куманово: Проневерила 130.000 денари
    • Трагедија кај Бучим: 13-годишник тешко повреден по пад од „хамачи“
    • Украински војници, опколени сте, предајте се за да се спасите
    • Пијан велосипедист тешко повреден во судир со „Ланд Ровер“ во Гевгелија
    • Јаневска: Ќе ја испочитувам секоја одлука на премиерот, негово е правото да одлучува
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Селим Јазиџилароглу, директор за продажба: Интересот за становите во Diamond Residences е голем, продажбата е сѐ поблиску до финалната фаза

    Селим Јазиџилароглу, директор за продажба: Интересот за становите во Diamond Residences е голем, продажбата е сѐ поблиску до финалната фаза

    06.11.2025 во 10:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Стамбениот комплекс Diamond Residences, кој е дел од Diamond of Skopje, е речиси
    целосно заокружен. Има ли интерес за становите?


    Diamond of Skopje е веќе препознатлив дел од центарот на Скопје и тоа дефинитивно влијае позитивно на продажбата на становите. Становите во кулите А и Б се продадени, а интересот за становите во кулите Ц и Д, односно последните две кули од вкупно четири, е голем. Тоа се должи на повеќе фактори. Прв фактор е исклучително високиот квалитет на становите и локацијата се разбира, а вториот фактор е тоа што купувачите ја разбираат предноста да се има стан или да се живее во еден поширок комплекс, кој нуди многу повеќе од домување.
    Продажбата се одвива со брзо темпо и за оние што нема наскоро да донесат одлука да бидат дел од Diamond, може да биде многу доцна. Нудиме различни опции за плаќање, како и можност за уплата на 35 % од износот, а остатокот во период од 24 месеци, без камата.
    За нас е вистинска сатисфакција фактот што пазарот ги препозна уникатните вредности што ги нуди нашиот комплекс. На пазарот денес се бара додадена вредност за тоа што некој ќе го вложи. Токму тоа го добиваат сите кои вложија во станови во Diamond Residences. Кога станувате сопственик на стан во нашиот комплекс вие добивате и можност за пристап до простории за видео игри, за караоке, за забави, приватно кино, сали за вежбање пилатес, со тоа вашиот социјален живот добива една друга димензија.
    Овие дополнителни можности се дел од нашиот Д-плус концепт. Би сакал да напомнам дека во рамките на комплексот има патека за трчање во должина од 500 метри, како и уреден простор за деца, кои можат безбедно да се забавуваат во Diamond Residences. Покрај тоа, има 24-часовно обезбедување, одржување на зеленилото, отстранување на отпадот и слично. За сите овие секојдневни работи да функционираат формирана е непрофитна компанија, која за одреден надомест се грижи за заедничките простории, за безбедноста и хигиената во комплексот. Луѓето што го одбираат Diamond Residences сакаат приватност и добро организирана структура, која ќе
    се грижи за секој аспект од домувањето. Тоа е и една од предностите од интерес на купувачите, што е разбирливо, бидејќи во висококатниците живеат многу луѓе и од витално значење е добро организирана компанија која се грижи за заедничките работи. Фактот што во рамките на Diamond of Skopje, покрај Diamond Residences, функционира и Diamond Мall е уште еден адут што ги привлекува луѓето да вложат во свој стан.
    Модерниот начин на живот ги дефинира и барањата на пазарот, па во таа насока луѓето преферираат да имаат сѐ на едно место, а ние тоа го нудиме. Да резимирам, Diamond Residences нуди можност за луксузно живеење во приватна заедница во центарот на градот, со 24/7 обезбедување.


    Во последните години, цената на квадратот во земјата значително порасна, а тоа е
    особено изразено во Скопје. Сепак понудата и понатаму е голема. Колку растот на
    цените влијаеше на продажбата во вашиот комплекс?


    Точно е, во изминатиот период пораснаа цените на квадратот, а за тоа постојат повеќе причини, за кои многупати е зборувано во јавноста. Според нашите анализи една од главните причини е фактот што промените што настанаа во ковид-пандемијата ги поттикна луѓето повеќе да инвестираат во недвижнини. Од друга страна, во последно време луѓето имаат префинети и специфични барања за тоа што сакаат да добијат за своите пари и се подготвени да платат за квалитетна понуда и за поинаков животен стил. Според досегашното искуство токму спојот на квалитетната понуда и уникатниот животен стил што го нудиме во Diamond Residences ја прави нашата понуда атрактивна и тоа не само за домашните, туку и за купувачите од другите земји. Ние постојано ги следиме трендовите на пазарот и креираме понуди кои ќе им овозможат на заинтересираните купувачи флексибилни услови на плаќање.
    Во моментов имаме акција која нуди купување на стан во кулите Ц и Д со уплата на 35 % од износот и отплата на остатокот во одреден временски период, без камата. За акцијата веќе има голем интерес, бидејќи купувачот ќе го добие станот кој е подготвен веднаш за користење за 35 % од вкупниот износ. Покрај тоа, становите се одликуваат со врвен квалитет, а при изградбата применети се највисоките стандарди во градежништвото.
    Становите имаат висока топлинска и УВ-изолација поради употребата на алуминиумски
    рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците, што обезбедува висока енергетска ефикасност. Покрај тоа, со користење на лесни бетонски блокови е обезбедена висока звучна изолација, а надворешната изолација од природни материјали обезбедува висок степен на заштеда на енергија. Покрај квалитетната градба, со купување на станот, сопственикот добива и кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија.
    Знаете, „Лимак“ има неприкосновена експертиза во градежништвото и исклучително
    реноме како градежна компанија. Настојуваме да ја задржиме таквата репутација бидејќи
    многу тешко се гради, а лесно се урива. Затоа, како градежна компанија, најнапред се
    грижиме за квалитетот на градбата, а потоа за сѐ останато.

    Од каде доаѓа најголемиот интерес за купување, дали повеќе се заинтересирани
    домашните купувачи или тие кој доаѓаат од странство вклучувајќи ја и дијаспората?


    Покрај интересот кај домашните купувачи, кои се најбројни, голем интерес за купување има и кај купувачи од странство, кои сметаат дека купување на стан во Diamond Residences е паметна инвестиција. Досега сме имале купувачи од земји од Европската унија, Швајцарија, Турција и од САД. Она што е интересно е фактот што голем број сопственици што купиле стан во првите две кули, купуваат повторно во другите кули, бидејќи се многу задоволни од целокупната понуда на комплексот. Ова е најголема потврда за атрактивноста на становите. Светот станува сѐ помобилен и понудата на недвижности веќе во голема мерка ги поминува границите. Затоа е важно понудата да биде квалитетна бидејќи купувачите се пребирливи и ако не ги задоволувате стандардите лесно ќе одлучат да инвестираат не само на друго место туку и во друга земја. Ние сме задоволни што нашата квалитетна понуда успеа да привлече и странци кои решија да инвестираат во земјата.
    Процесот на приклучување кон Европската унија исто така влијае на цените на недвижностите. Кога го анализираме минатиот период, можеме да заклучиме дека цените на недвижностите забележаа поголем раст во два наврата – со влезот на земјата во НАТО и со ковид-пандемијата, која директно влијаеше на покачувањето на цените поради инфлацијата во светски рамки. Овие минати искуства покажуваат дека влезот во Европската унија ќе влијае на цените на недвижностите на ист начин.
    Diamond Residences има одлична локација, најдобар квалитет и е еден од најсовремените станбени проекти во целата земја. Би сакал да потенцирам дека сега е можеби последна
    шанса да се купи стан во Diamond Residences по сегашна цена. Поради трошоците и
    економските состојби во светот, цените постојано растат. Тоа е основното економско правило, кога понудата не едно добро е ограничена, цената мора да порасне. Така што, ова е последен повик за купување стан по сегашните цени и услови.

    Популарно

    Голема трагедија: Студентка вечерва пронајдена мртва

    05.11.2025 во 21:46

    Делови од Кисела Вода без струја шест часа – еве кои улици се погодени

    06.11.2025 во 09:11

    ДИК ги објави конечните резултати – Орце и официјално победи во Град Скопје

    06.11.2025 во 10:47

    Орце го презема Скопје: Со чистење почнувам од 20:30 вечерва

    06.11.2025 во 12:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.